Пред извлекувањето на групите за првата фаза од Лигата на шампиони, коефициентот дека Барселона ќе го освои најелитното европско клупско натпреварување изнесуваше 3,75 а зад нив беше Реал Мадрид со коефициент 4,5.
Барселона се падна во група со Бенфика, Спартак Москва и Селтик, а Реал Мадрид е во шампионската група на смртта со Манчестер Сити, Борусија Дортмунд и Ајакс.
По извлекувањето на групите, коефициентот на Барселона падна на 3,5 а коефициентот на Реал Мадрид порасна на 4,5.
Коефициентот на Манчестер Сити пред извлекувањето беше 8, но по добивањето на тешките противници нивниот коефициент порасна на 11.
Релативно лесни противници доби и Манчестер Јунајтед, па нивниот коефициент падна од 12 на 8.
Коефициентот за одбрана на титулата на актуелниот шампион Челси изнесува 15.
Лига на шампиони - коефициенти за шампион:
1. Барселона - 3,5
2. Реал Мадрид - 5
3. Манчестер Јунајтед - 8
4. Манчестер Сити - 11
5. Баерн Минхен - 13
6. Челси - 15
7. ПСЖ - 17
8. Јувентус - 19
9. Арсенал - 21
10. Милан - 26
...
30. Динамо Загреб - 501
31. Клуж - 751
32. Нордсјеланд - 1001