Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Него му е сеедно

Рагби екипата на Вашингтон Стејт беше демолирана на домашен терен од Стенфорд со 17:55 и скоро сите гледачи долго пред крајот го имаа напуштено стадионот, освен овој пијан господин кој си уживаше на трибината и денес стана херој на интернет.

Дибиров и Вугринец во тимот на колото

Екипите на Вардар и Металург имаат по еден играч кои се најдоа во најдобрата „седумка" во 2 коло од ракометната Лига на шампиони.

Голмански еврогол

Голманот Бројн Акесон од шведскиот второлигаш Варнам на натпреварот против Варберг постигна гол за кој можат да му позавидат и врни напаѓачи, а воедно и му донесе бод на својот тим во третата минута од судиското надополнување.

НБА ќе го менува плејоф форматот

Челниците на НБА лигата најверојатно ќе направат промена на традиционалниот формат на финалната серија и ќе го вратат 2-2-1-1-1 форматот како и во сите останати рунди од плејоф серијата.

Офсајд лик: Робињо

Бразилецот од Милан го провози своето дете на точак и сакаше да се кандидира за наградата „татко на годината", но со вакво лудо возење со папучи и држење на кутрото дете со една рака, Робињо си го заслужи признанието „офсајд лик".

Статива, Курто, автогол

Ваков автогол сигурно не сте виделе до сега. Голманот на Рода, Филип Курто успеа да си ја затресе сопствената мрежа со удар со глава и тоа откако топката удри во статива.

Швајцарско кинење на мрежа

Валантин Штокер од екипата на Базел на натпреварот против Сион постигна прекрасно голчиште со проектил од околу 20 метри.

Австралија си ги бара парите од ФИФА

Почнува да се компликува ситуацијата околу „самоубиствениот" план на ФИФА за кој што веќе предупредивме. Фудбалската федерација на Австралија ќе бара компензација од ФИФА за неуспешната кандидатура ако Светското првенство во 2022. година биде преместено за во зима.

Голови на неделата

Редовниот преглед со најдобрите десет голови од измините седум денови, а помеѓу нив се и мајсториите на Паулињо, Руни и Роналдо.

Пандев ја реши Џенова

Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев на најдобар можен начин му докажа на тренерот Бенитез дека неговото место е во првиот тим на Наполи. Струмичанецот беше стрелец на двата погодоци при победата на гостувањето кај Џенова.

Моќниот ПСЖ на колена пред Металург

Делириум во салата „Борис Трајковски". Најскапиот состав оваа година во ракометната Лига на шампиони и еден од главните конкуренти за титулата доби шлаканица од македонскиот вицепрвак Металург кој славеше против Парижаните со 28:26.

Неуспешен антологиски автокош

Немаме информации кој е пациентов кој се обиде дури 4 пати да постигне кош под сопствениот обрач, но можно е да се работи за пијана работа во некоја колеџ лига.

Како стигна упорниот махер до 20.000 евра

Минатото коло го добивме најголемиот махер за обложување кој со 280 денари успеа да ќари 1.200.000 денари на два тикета. Во кусо интервју ни раскажа како со шокантен пресврт на последниот меч стигнал до големата добивка.

Чеде ја замени Македонија со Монс

Актуелниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија уште пред завршувањето на неговиот договор со ФФМ е назначен за нов тренер на белгискиот прволигаш Монс.

Кој е индонезискиот тајкун кој е на чекор до Интер?

Екипата на Интер која на минатогодишните подготовки на агендата имаше индонезиска турнеја и каде беше пречекана од многу навивачи, не поминала незабележана од 43 годишниот милијардер Ерик Тохир кој е на повидок да стане првиот сопственик од Азија на италијански клуб.

Најдоброто од Нејмар

Нејмар да Силва Сантос Жуниор веќе долго време не импресионира со неговите потези во дресот на Сантос, а сега и во Барса. Ако нешто сте пропуштиле, ова се најдобрите, но и не толку славните моменти од неговата кариера во гиф формат.

Турбо ескалатор против хулигани

Шведската полиција по дербито помеѓу АИК и Јургарден го реши проблемот со навивачите на многу едноставен начен без употреба на многу пендреци и солзавец.

УЕФА казнува за фонт на знаме и сомнителни тетоважи

До каде ќе оди лудоста на УЕФА и нивното „покажување на заби" на клубовите од истокот? Полскиот клуб Легија Варшава заработи казна заради сомнителен фонт на една буква од транспарент, како и нацистички тетоважи на навивачите.

Најдобрите пет состави со играчи кои облекоа нови дресови

Летниот период за трансфери изобилуваше со многу промени особено во напаѓачките линии во клубовите од најсилните национални првенста. Погледнете како би изгледале составите на овие лиги со фудбалери кои ги сменија клупските бои.

Римското дерби во Индонезија

Навивачката страст не познава граници. Доказ за тоа се индонезиските фанатици за фудбал кои жестоко ги бодрат своите омилени клубови од најсилните европски првенства. Ви ги претставуваме оние на Рома и Лацио кои заедно го следеа последното дерби исто како да се на стадионот „Олимпико" во Рим.

13 години од најлудото забивање

На денешен ден на Олимписките игри во Сиднеј, 198 сантиметри високиот Винс Картер го изведе едно од најлудите забивања преку Фредерик Вајс кој е висок 218 сантиметри.

Мурињо од Елче

Ако го гледавте натпреварот помеѓу Елче и Реал Мадрид, можеби се збунивте кога камерите го покажаа Мурињо. Тоа беше Фран Ескриба, тренерот на домаќините кого го нарекуваат „Мурињо од Елче". Ова е само една од работите кои ги поврзуваат Елче и Реал Мадрид.