И покрај тоа што договорот на Чедомир Јаневски со Фудбалската федерација на Македонија трае до крајот на квалификацискиот циклус, а до завршувањето претстојат уште дуелите со Велс и Србија, селекторот си најде нова тезга.
Белгиските медиуми објавија, а потоа и самиот Јаневски ја потврди информацијата дека тој е нов тренер на фудбалскиот клуб Монс.
Челниците на ФФМ останаа затекнати од оваа одлука на Јаневски затоа што неговиот договор се уште не е завршен, а тие му доставиле и понуда за продолжување на договорот. Нивниот официјален став е најавен за утре.