Бундес лигата во последно време носи голема атрактивност, а во центарот на вниманието се двата лански финалисти од Лигата на шампионите, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд. Најголемиот трансфер кој беше долго најавуван е оној на талентот Гетце кој го засили и онака опасниот европски шампион. Место во напаѓачката линија во овој состав има и за одличното засилување на „Милионерите" Обамејанг кој веќе постигна 5 гола за Борусија.
Доста интересни имиња оваа сезона пристигнаа и на чизмата, особено во навалната линија која би била машина за голови во еден ваков состав со играчи кои направија трансфер во некој италијански клуб. Игуаин-Гомез-Тевез е убиственото трио од Серија А со поддршка од квалитетниот среден ред.
Премиер лигата оваа сезона го сруши рекордот на потрошени пари за засилувања и привлече клалитетни фудбалски имиња од разни првенства. Во одеалниот состав на ова првенство со новајлии најскапо платен беше Озил за кој Арселан издвои 50 милиони евра, а во нападот има двајца напаѓачи кои го засилија Тотенхем.
Во Франција се знае кој троши најмногу пари. Во центарот на внимание во ова првенство се двата најбогати клуба ПСЖ и Монако и нивните две нови ѕвезди во нападот Кавани и Фалкао кои кој знае што би правеле заедно во тандем.
Во Шпанија сезонава најдолга сапуница беше трансферот на Герет Бејл кој го засили Кралскиот тим, а таму пристигна и младиот Иско. Во идеалниот состав на 11 играчи со нов дрес се разбира дека се наоѓа и Бразилецот Нејмар од кого очекуваме многу оваа сезона.