Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Босанците испишаа историја со пласманот во Бразил

Прво учество за селекцијата на Босна и Херцеговина на Светските првенства која со гостинскиот триумф над Литванија од 1:0 го слави најголемиот спортски успех. Билет за СП во Бразил со директен пласман обезбедија и Русија, Шпанија и Англија.

Бродот потона на дното

Македонската фудбалска репрезентација доживеа дебакл на последниот квалификациски натпревар од Србија. Со поразот од 5:1, националниот тим го задржа мизерното последното место во групата и го оствари најлошиот пласман во историја на квалификациските циклуси.

Босна во транс

Додека ние се давиме во калта на дното, репрезентацијата на Босна и Херцеговина се пласираше на Светското првенство во Бразил. Историскиот успех репрезентацијата на БиХ го оствари со победата на гостувањето во Литванија со единствениот гол на Ибишевиќ, по што се случи невиден делириум.

Србите повторно не фиромизираа

По кој знае кој пат, српската национална телевизија и на преносот од последниот квалификациски дуел, нашата фудбалска репрезентација ја напиша како FYROM.

МЗТ тргна со пораз во Еврокупот

Македонскиот кошаркарски шампион дебитираше со пораз во Еврокупот. МЗТ загуби на гостувањето кај летонскиот шампион Рига во првото коло од второто по ранг клупско кошаркарско натпреварување во Европа.

Ројс повторно се обиде да не измами

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс упорно сака да ни докаже дека со топката може да изведува магии, но окото не нè излажа па му ја уловивме монтажата.

Ако Мексико не се пласира на СП ќе нанесе економски удар во земјата

Мали се шансите селекцијата која е редовен учесник на Мундијалите вечерва да го прокоцка пласманот во Бразил, но таквото сценаријо би претставувало кошмар за оваа фудбалска нација која би загубила неверојатни 600 милиони долари.

Човекот со силни нозе

Изреката „има бут ко Роберто Карлос" повеќе не важи. Запознајте го германскиот велосипедист Роберт Ферстеман и неговите „Карлос*2" бутови.

Математиките за пласман во Бразил

Додека македонската фудбалска репрезентација вечерва во Јагодина против Србија размислува како да го избегне дното од А групата, останатите европски селекции се борат за уште четири места за директен пласман на Мундијалот и уште за осум преку баражот.

Европскиот дрим тим на Владе Дивац

Српската кошаркарска легенда, Владе Дивац ја состави својата идеална петорка со најдобри европски играчи кои настапувале во НБА лигата.

Може ли наш фудбалер од волку далеку?

Македонската фудбалска репрезентација постигна 6 гола на 9 меча во квалификациските натпревари или во просек помалку од еден по натпревар. Нашите фудбалери мака мачат да го погодат 7 метри долгиот гол и од шеснаесетникот, а камо ли да не изненадат со некој ваков удар како младинскиот репрезентативец на Австрија Роберт Жуљ на пријателскиот меч против Холандија.

Почина Бруно Мецу

Тренерот кој ја предводеше сенегалската сензација на Светското првенство во 2002-та година, Французинот Бруно Мецу почина на 59 години.

Стартува европската одисеја за МЗТ Скопје

Актуелниот македонски шампион е исправен пред нов предизвик наречен Еврокуп, второ по ранг клупско европско кошаркарско натпреварување. Деби настапот за тимот од Аеродром е гостувањето во Летонија против екипата на Рига.

Натпревар прекинат заради сеир за најголемиот ривал

Минатата недела се одигра аргентинското „Суперкласико" помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс на кој не им беше дозволено присуство на гостинските навивачи, па тие го искористија следниот натпревар за сеир и прослава на победата над најголемиот ривал.

Демолирани автомобили и поклон шампон

Откако фудбалерите на српскиот клуб Црвена Звезда се пожалија за лошите услови во клубот, девет нивни автомобили утрово биле оштетени, а во секој од нив е уфрлено по едно пакување шампон.

Сер Алекс си доби улица

Една улица во градот Манчестер од вчера го носи името на легендарниот шкотски тренер.

Стартуваше Бизнис лигата

Со три натпревари од првото коло, стартуваше четвртата сезона од Бизнис лигата.

Фудбалерите патат најмногу од депресија

Тешко ни е некако за верување, но Џиџи Буфон и Кристијан Виери имаат изјавено дека и со милиони во џеб и манекенки во кревет фудбалерите имаат кризи во животот. Над половина од анкетираните играчи од Серија А тврдат дека депресијата им претставува најголем проблем.

Србија има пет таленти, Македонија ниту еден

Младинските академии и откривањето на талентите се иднината за секоја фудбалска земја која сака со репрезентацијата да оствари резултати и да има успеси на долги патеки. Но кај нас очигледно тоа го нема. Споредбата ќе ја направиме само со нашиот северен сосед против кој утревечер завршуваме уште едни неславни квалификации.

Младинците растураат на тренинг

Квалификациските натпревари се одлична можност за младите репрезентативци да се наметнат за место во сениорскиот тим. Еве со какви потези не почастија двајца од нив за време на тренинзите со репрезентациите за играчи до 21 година.

Супер Марио е најпреценет играч во Италија

Во анонимна анкета фудбалерите од Серија А го изгласаа Марио Балотели помеѓу тројцата најпреценети играчи за изминатата сезона.

Неповиканите 11

Некои селектори имаат огромен избор на квалитетни фудбалери, па се на слатки маки секогаш кога треба да ги прават списоците за повик на репрезентативци. Ова е идеалниот тим на фудбалери кои се вишок во нивните национални тимови.

Најатрактивната измама на голман

Да му ја протнеш топката на голманот низ нозе веќе е демодирано. Внимавајте сега добро на овој потег на футсал мајсторот од Барселона Хорди Торас кој не му успеал ниту на Меси. 

Вака се освојува титула

Екипата на Сент Патрикс викендов ја обезбеди шампионската титула на две кола до крајот на Премиер дивизијата на Ирска. Титулата беше осигурана со победата над Слиго Роверс и тоа во голем стил со голчиштето на Грег Болгер.