Група А
Шкотска-Хрватска
Белгија-Велс
Србија-Македонија
Табела: Белгија 25, Хрватска 17, Србија 11, Велс 9, Шкотска 8, Македонија 7
Во нашата група веќе се е јасно. Белгија ја демонстрираше својата сила и заслужено ќе патува директно на светскиот елитен собир. Хрватите ќе се борат преку бараж натпреварите, а пулените на Стратев ќе играат за евентуално четврто или петто место кое е нашиот максимум на сите досегашни квалификации. Доколку Велс и Шкотска триумфираат, Македонија и со победа останува последна.
Група Б
Бугарија-Чешка
Данска-Малта
Италија-Ерменија
Табела: Италија 21, Бугарија 13, Данска 13, Чешка 12, Ерменија 12, Малта 3
Во групата Б ќе биде најнеизвесно затоа што дури четири репрезентации се во игра за место во баражот. Но со оглед на тоа што во бараж натпреварите од вкупно 9 групи има место за осумте најдоби второпласнирани селекции, токму втората од оваа група најверојатно ќе извиси. Италијанците веќе одамна се сигурни патници за Бразил.
Група Ц
Фарски острови-Австрија
Република Ирска-Казахстан
Шведска-Германија
Табела: Германија 25, Шведска 20, Австрија 14, Ирска 11, Казахстан 5, Ф,острови 1
Во Ц групата Германците се веќе пласирани, а Шведска ќе брка влез преку баражот. Вечерашниот дуел помеѓу овие две репрезентации нема никаво значење.
Група Д
Унгарија-Андора
Романија-Естонија
Турција-Холандија
Табела: Холандија 25, Турција 16, Романија 16, Унгарија 14, Естонија 7, Андора 0
Во групата Д има многу математики бидејќи во игра за баражот се три селекции. Најтежок противник вечерва ќе имаат Турците кои само со триумф над Холандија ќе го обезбедат второто место. Романија е фаворит на дуелот против Естонија и ќе се надева барем на реми на дуелот во Истанбул, а шанси за третата позиција има и Унгарија која се очекува да мине најлесно против аматерите од Андора, но ќе треба да се моли на пораз на двете селекции кои се пред неа на табелата.
Група Е
Кипар-Албанија
Норвешка-Исланд
Швајцарија-Словенија
Табела: Швајцарија 21, Исланд 16, Словенија 15, Норвешка 11, Албанија 10, Кипар 4
Само една од репрезентациите на Исланд и Словенија ќе се радува на гостински терен за место во баражот. Исланд со триумф ќе се зацврсти на второто место, а Словенците ќе бркаат 3 бода против сигурниот патник Швајцарија и ќе чекаат кикс на островјаните.
Група Ф
Азербејџан-Русија
Израел-Северна Ирска
Португалија-Луксембург
Табела: Русија 21, Португалија 18, Израел 13, С.Ирска 6, Луксембург 6, Азербејџан 5
Во групата Ф руската репрезентација се очекува со минимум бод да ја потврди првата позиција во групата, а тоа значи дека триумф на Португалија над Луксембург ќе биде само бараж за нив.
Група Г
БиХ-Литванија
Грција-Лихтенштајн
Летонија-Словачка
Табела: БиХ 22, Грција 22, Словачка 12, Литванија 11, Летонија 7, Лихтенштајн 2
Групата Г е единствената каде првопласираните две селекции имаат ист број на бодови. Но во меѓусените дуели Босанците се подобри што значи вечерва со триумф ќе го слават пласманот на Мундијалот во Бразил. Грција е апсолутен фаворит против аутсајдерот во групата, но истовреме мора да чека кикс на БиХ ако сака да го избегне баражот.
Група Х
Црна Гора-Молдавија
Сан Марино-Украина
Англија-Полска
Табела: Англија 19, Украина 18, Црна Гора 15, Полска 13, Молдавија 6, Сан Марино 0
Англичаните мора да одат на трумф пред своја публика против Полска ако не сакаат да ја прокоцкаат првата позиција. Украинците речиси сигурно ќе ги заверат трите бода против Сан Марино и ќе се надеваат „Гордиот Албион" барем да ремизира за да има промена на табелата.
Група И
Шпанија-Грузија
ФРанција-Финска
Табела: Шпанија 17, Франција 14, Финска 9, Грузија 7, Белорусија 4
Светскиот шампион има лесна задача и со триумф над Грузија ќе го осигура пласманот во Бразил. На Французите не им бега втора позиција и пласман во баражот.