Голман:
Давид де Хеа (Шпанија)
Голманот на Манчестер Јунајтед немаше најдобар почеток на сезоната во дресот на неговиот тим и секогаш е во сенка на Икер Касиљас, Виктор Валдес и Пепе Реина во шпанскиот состав.
Одбрана:
Сезар Аспиликуета (Шпанија)
Шпанецот не е во прв план на Жозе Мурињо во Челси, а во плановите на Висенте дел Боске е зад Арбелоа и Хуанфран.
Анџело Огбона (Италија)
Огбона летово направи трансфер вреден 13 милиони евра од Торино во италијанскиот шампион, но селекторот Прандели му даде предност на Ранокија од Интер.
Фелипе Луис (Бразил)
Луис е клучен дел од составот на Атлетико Мадрид и член на репрезентацијата на Бразил која го освои Купот на конфедерациите, но во моментов е во сенка на Марсело и Максвел.
Среден ред:
Сандро (Бразил)
Фудбалерот на Тотенхем се уште не може да ја врати старата форма по повредата од минатата сезона и веќе цела година не е дел од репрезентацијата на Бразил.
Николас Гаитан (Аргентина)
Голема иднина му предвидуваа на фудбалерот на Бенфика кога дебитираше за Аргентина во 2009-та година, но не ги исполни очекувањата и веќе две години не е дел од националниот тим.
Вилиан (Бразил)
Бразилецот одигра само два натпревари и тоа како резерва во 2011-та година и од тогаш не е во списокот на Сколари, а не му помогна ниту трансферот вреден 35 милиони евра во Челси.
Хавиер Пасторе (Аргентина)
ПСЖ за него плати 40 милиони евра, но Пасторе не е потребен во составот на Аргентина и покрај тоа што селекторот Сабеља изјавуваше дека тој е огромен талент, но му даде предност на Ламела од Тотенхем.
Напад:
Штефан Кислинг (Германија)
И покрај тоа што Гомез и Геце се повредени, селекторот на германската репрезентација повторно не му даде шанса на најдобриот стрелец во Бундеслигата за минатата сезона.
Роберто Солдадо (Шпанија)
И покрај тоа што има дадено седум гола на 12 натпревари, Солдадо никако да ја победи силната конкуренција и да се избори за константно место во репрезентацијата на Шпанија.
На клупата на резерви на оваа селекција би можеле да седнат Марк-Андре тер Штеген (Германија), Рафаел да Силва (Бразил), Клаудио Јакоб (Аргентина), Метју Фламини (Франција), Жереми Менез (Франција), Клинт Демпси (САД) и Грациано Пеле (Италија).