
Улица во близина на стадионот Олд Трафорд во Манчестер од вчера е преименувана во чест на Сер Алекс Фергусон.
Шкотланѓанецот беше на кормилото на Манчестер Јунајтед скоро 27 години и го предводеше тимот до најголемите успеси, па освен улицата, доби и признание кое им се доделува на најценетите граѓани на општината во која се наоѓа стадионот.
Алекс Фергусон е втор тренер на Манчестер Јунајтед, по Мет Базби, чие име од 1993-та година носи една улица од другата страна на стадионот.