Анкетата ја спроведе весникот „Газета дело Спорт" со 50 анонимни играчи од италијанското фудбалско првенство кои не смееле да гласаат за свои клупски колеги.
Тие сметаат дека најпреценети фудбалери за сезоната 2012/2013 во Серија А се Марио Балотели од Милан, Марио Икарди од Интер и Матијас Скелото од Сасуоло.
Според резултатите од анкетата на угледниот весник, Џакерини, Ел Шарави, Освалдо, Вучиниќ, Кјелини и Огбона се на второто место како најпреценети играчи, а најмногу од анонимните фудбалери не знаеле или не сакале да одговорат на ова прашање.