Поранешниот селектор на репрезентацијата на Сенегал ја загуби битката со ракот. Тренерот кој беше креатор на најголемото изненадување на Светското првенство во 2002-та година боледуваше од рак на желудникот и почина на 59 годишна возраст.
Репрезентацијата на Сенегал под водство на Бруно Мецу во групната фаза на Мундијалот во Кореја и Јапонија ја победи Франција, а во нокаут фазата ја елиминираше Шведска и стигна до четврт-финалето.
„Белиот волшебник" како што го нарекуваа Мецу, во својата кариера како фудбалер настапувал за Андерлехт, Лил и Ница, а за време на тренерската кариера работеше и како селектор на Обединетите Арапски Емирати и Катар. Последниот ангажман му беше во клубот Ал Васл од Дубаи каде што си поднесе оставка минатата година заради здравствените проблеми.