Непознати сторители во текот на ноќта направиле штета на девет автомобили кои им припаѓаат на фудбалерите на Црвена Звезда и биле паркирани во заштитен простор пред стадионот.
На автомобилите им биле скршени стаклата и во секој од нив било уфрлено по едно пакување шампон. Инцидентот се случил неполн ден откако фудбалерите испратија отворено писмо во кое се пожалија на условите во клубот, а помеѓу другото, споменаа и дека во соблекувалните нема ни шампон.
Поранешниот европски шампион се повеќе тоне во финансиска криза која се одрази и на резултатите на тимот кој по осум одиграни кола се наоѓа на петтата позиција на табелата.