Offside

Само една година откако Марк Волтер го купи мнозинскиот пакет акции и стана сопственик на ЛА Лејкерс, сега Џош Кушнер, братот на зетот на Доналд Трамп Џаред Кушнер, и поранешниот извршен директор во Дизни Боб Игер го купуваат истиот пакет.

Пријателско блокирање

Не знаеме дали ова е дел од тактиката на колеџ тимот од Флорида за да се збуни противникот или па овие двајца играчи само сакаа да си се изгушкаат, но во секој случај оваа постапка е погрешна.

Јанковски незадржлив во дуелот со Општина Карпош

Започна седмото коло од Бизнис лигата на Македонија. Првиот ден од ова коло го одбележа голеадата на Ивица Јанковски од Montenegro кој постигна шест гола против Општина Карпош.

Манчестер Јунајтед ги разочара типстерите

Уште само пет денови до крајот на ноемвриската битка на Типстер. И овој викенд нашите натпреварувачи докажаа дека ги бива за типување, со неколку исклучоци, а најмногу беше пцуен Манчестер Јунајтед.

Голчиште ипол

Мајсторските голови често пати ни доаѓаат од ниските лиги, а овој пат го издвојуваме овој волеј удар од петтата англиска дивизија. Актерот е дефанзивец, а одбиената топка не дозволи да му тапне на земја, туку ја реши со два потези.

Навивачите на Сити тролаа со “срцето на Бејл“

Фудбалерите на Тотенхем доживеаа дебакл на вчерашното гостување во Манчестер, а дополнителен сеир претрпеа од навивачите.

Одлуката на Пандев не е кукавичка, мора да има причина за тоа

За мене е нон-сенс публиката да го исвиркува нашиот лидер Горан Пандев кој секогаш кога игра за репрезентацијата има на грб по двајца-тројца чувари. Го познавам лично и убеден сум дека ќе ја промени избрзаната одлука-вели за офф.нет Панче Ќумбев.

Ја рогна преку трибина

Французинот Гаел Какута кој е позајмен од Челси во Витесе, го изведе најлошиот шут на фудбалските терени оваа сезона. Во Македонија овој шут се вика „ја прати во пченките".

Локалниот клуб се сака и со дониран тутун

Големите европски клубови заработуваат од навивачите со наплаќање на членарини, продажба скапи влезници и навивачка опрема, а еден наш третолигаш опстанува со дониран тутун од страна на навивачите.

Фергусон заплашувал фудбалери со сабја

Сер Алекс Фергусон е познат по својот темперамент и не многу пријатниот третман кон фудбалерите кои не ги исполнувале неговите очекувања, а еден негов поранешен ученик откри уште еден начин на кој тој им држел лекции на играчите.

Меси пушти солза за македонскиот фудбал

Дури и на Лионел Меси му падна жал за празните трибини и мизерната состојба во која се наоѓа македонскиот фудбал.

Пеп го бара „кртот“ во Баерн Минхен

Баерн Минхен славеше на дербито при гостувањето кај Борусија Дортмунд со 0:3, но стратегот Пеп Гвардиола не е многу среќен. Некој фудбалер ги издал неговите тактики во медиумите.

Фетел победи и на крајот од сезоната

Себастијан Фетел доминираше во текот на целата сезона, а така и ја заврши. Германецот победи и на трката во Бразил.

Металург го возврати ударот во дербито

Македонскиот шампион не успеа да го повтори успехот во реванш пресметката против лутиот градски ривал во шестото коло од Лигата на шампионите. Металург овој пат беше подобар противник и му се одмазди со победа од 26:18.

Балотели: Ова е крај

Напаѓачот на Милан синоќа го промаши вториот пенал во својата кариера и не успеа да му донесе триумф на својот тим, а потоа почна да ги пецка своите фанови утринава на Твитер.

Атланта и Антиќ загубија од Бостон

Кошаркарите на Атланта Хокс го забележаа шестиот пораз во сезоната откако загубија на домашен терен од Бостон Селтикс со 87:94. Антиќ имаше учинок од само два поени.

МЗТ триумфално против босанскиот првак

По поразот во Задар, актуелниот македонски шампион стигна до четвртата победа во деветтото коло од Јадранска лига. Во „Борис Трајковски" поразен е стариот должник Игокеа со 90:85 кој минатата сезона два пати славеше над нашиот претставник во АБА лигата.

Пандев се повлече од репрезентацијата

Капитенот на Македонската фудбалска репрезентација ја извести ФФМ дека одлучил да и стави крај на репрезентативната кариера.

Осврт на шестото коло на Бизнис Лигата

Во ова коло уште еднаш се потврди дека во Бизнис Лигата нема фаворити и за да се победи на еден натпревар мора да се остави срцето на терен.

Тикет на колото

По кратката пауза заради интернационалните натпревари, се враќаме со нашиот предлог викенд тикет.

Голови на неделата

За време на паузата заради интернационалните натпревари не се одиграа голем број на дуели, но сепак видовме повеќе квалитетни погодоци. Ова се најдобрите 10.

Детроит повторно на менито на Атланта

Втора победа на Атланта над Детроит за три дена. Овој пат „Јастребите" славеа на гостински терен и повторно без услугите на Перо Антиќ.

ЕУ бара итно да се реши проблемот со “робовите“ во Катар

Притисокот кон земјата домаќин за Мундијалот во 2022 година се зголемува. Европската комисија е новата високо политичка институција која го осудува третманот на работниците мигранти во Катар кои работат во ненормални услови во изградбата на стадионите.