Барселона и ПСЖ ја потврдија доминацијата

Без изненадување заврши и втората ноќ од осминафиналната рунда во Лигата на шампионите во која Барселона со гол во судиското продолжение од средбата славеше со 2:1 против Манчестер Сити. Со идентичен резултат заврши и дуелот во Париз.

Барселона - Манчестер Сити 2:1 (0:0)
Меси 67`, Алвеш 91` - Компани 89` 

Возбудлив натпревар со многу шанси одиграа фудбалери на Барселона и Сити. Нејмар прв ја затресе мрежата во средина од првото полувреме, но судијата го поништи голот поради една многу сомнителна офсајд ситуација. Најзрелата шанса кај Барселона ја имаше Меси кој ја погоди стативата, а гостите најголемите прилики ги испуштија преку Насри, Џеко и Забалета. Четирикратниот освојувач на „Златната топка“ го отвори резултатот во 67 минута. На крајот од средбата Компани го израмни резултатот, а по само две минути Дани Алвеш и донесе уште една победа на Барселона.

ПСЖ - Баер Леверкузен 2:1 (1:1)
Маркињос 13` Лавеци 54` - Сам 6`

На дуелот на „Паркот на Принцовите“ и Парижаните само го потврдија поголемиот квалитет од Баер Леверкузен кој прв го отвори резултат преку Сам по само 6 минути игра. Во 13 минута највисок во скокот беше Маркињос кој израмни на 1:1, а во 28 минута од белата точка гостите не реализираа пенал преку Ролфс. Точка на мечот стави Лавеци кој се погрижи за целосен пресврт во вториот дел.

12 март 2014 - 22:40