1. По примерот на нашето МВР, секој возач во Формула 1 ќе има своја книшка со казнени поени собрани од последните 12 месеци. Доколку некој возач собере повеќе од 12 казнени поени, тој ќе заработи суспензија од една трка.
2. Во текот на сезоната ќе бидат организирани четири тестирања во траење од по три дена кои ќе ги заменат тестирањата на младите возачи кои беа актуелни во последните неколку години. Тестирањата ќе се одвиваат по трките во Бахреин, Шпанија, Велика Британија и Абу Даби.
3. Судиите ќе можат да изрекуваат казни и во траење од пет секунди за помали инциденти за кои престрого е да се казнуваат со поминување низ бокс.
4. Ако еден возач не е во можност да ја отслужи казната со поместување неколку позиции назад на стартот (на пример ако треба да се помести за пет, а може да се врати само за три позиции), тогаш казната му се префрлува за следната трка.
5. Возачите можат да користат само пет мотори во цела сезона наместо осум колку што можеа во 2013-та. Ако некој треба да користи и шести мотор, тогаш трката ќе ја стартува од пит-стоп.
6. Брзината на возење до пит-стоп се намалува од 100 на 80 километри на час.
7. Возачите во новата сезона ќе имаат броеви на своите болиди кои ќе ги користат до крајот на кариерата. Шампионот Себастијан Фетел ќе го има бројот 1, а останатите возачи можат да бираат од 2 до 99.
8. ФИА воведува нов трофеј за возачот со најмогу освоени пол-позиции во текот на една сезона.
9. На последната трка во Абу Даби, поените ќе бидат дуплирани. Победникот ќе освои 50 наместо 25 поени, второпласираниот 36, третиот 30...