Физичката подготвеност на ЕВН – клуч за победата над Општина Карпош
Општина Карпош 2-4 (1-2) ЕВН
Општина Карпош: Стефче Митревски 14', Сулејман Сулејманов 39'
ЕВН: Бојан Маџовски 1', 17', Слаѓан Божиновски 26', Трајан Аџиев 39'
Во исклучително динамичен натпревар екипата на ЕВН ја совлада екипата на Општина Карпош. Во текот на целиот натпревар екипата на ЕВН доминираше посебно во делот на нападот, каде што наметна брз проток на топката со одлични додавања во длабочината на теренот од кои излегуваа нивните изгледни ситуации за гол. Кај Општина Карпош беше видлив заморот поради недоволниот број на играчи во ротација. Крај на натпреварот 2-4.
ЈСП - Македонски Телеком израмнето
ЈСП 3-3 (1-3) Македонски Телеком
ЈСП: Ивица Арсенов 8', Давор Калиновски 29', Дејан Блажевски 38'
Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 3', Ивица Вељановски 13', Агрон Пацоли 18'
Уште на самиот почеток од натпреварот екипата на ЈСП настапи со голман-играч што му овозможи на Македонски Телеком од секоја нивна грешка да направи шанса за гол. Во ваквата игра Македонски Телеком ги искористи своите шанси и на полувремето замина со предност од 1-3. Во второто полувреме екипата на ЈСП ги консолидира своите редови и го сврте натпреварот во своја полза, со што го изедначи резултатот. Но, екипата на Македонски Телеком не дозволи да се направи целосен пресврт, па така на крајот ги поделија бодовите (3-3).
One немаше сили за пресврт против Eurolink
Eurolink 6-5 (5-3) One
Eurolink: Никола Костовски 3', 7', 38', Јорданчо Димиџиевски 12', 15', Јовче Зузаровски 19'
One: Сашко Србаков 5', Дарко Таневски 10', 13', Илхан Алити 37', 39'
Екипите на Eurolink и One одиграа натпревар во кој презентираа доста брз и отворен фудбал кој се играше на двете страни. Резултат на ваквиот пристап во играта беа и многуте голови, дури 8 во првото полувреме, и тоа 5 за екипата на Eurolink и 3 за екипата на One. Во второто полувреме стивна офанзивата и на двете страни благодарение на подобрата одбрана, но екипата на Eurolink не дозволи да се случи пресврт и го доби овој натпревар со 6-5.