Актуелниот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел го одбра името на болидот кој ќе го вози во новата сезона. Тој новиот RB10 болид го крсти „Сузи".
Германецот има навика да им дава имиња на сите свои болиди и секогаш тоа се женски имиња. Пред „Сузи" тој ги возеше "Hungry Heidi", "Abbey", "Kinky Kylie", "Luscious Liz", "Randy Mandy", "Kate's Dirty little Sister" и "Kate".
Четирикратниот шампион во Формула 1, како и сите од Ред Бул во неколку наврати го искажаа своето незадоволство од подготвеноста на „Сузи“ по зимските тестови во пресрет на стартот на новата сезона која започнува викендов со трката во Мелбурн.