Првиот човек на европскиот првак Баерн Минхен најпрвин беше обвинет дека не пријавил данок во висина од 3,5 милиони евра, но откако започна судската постапка пред три дена, тој призна дека затаил данок и од дополнителни 15 милиони евра.
62 годишниот Хенес отворено проговори за неговите тајни швајцарски сметки од каде вадел пари за да се обложува, а пред судот се покаја за постапките и побара да му се прости.
Претседателот на германскиот гигант е поранешен напаѓач кој во 70-тите години стана трикратен германски и трикратен европски првак со Баерн Минхен. Тој беше дел и од селекцијата на Германија која го освои Мундијалот во 1974 година.