По возбудувањата во Лигата на шампиони, денес на програмата се натпреварите од второто по ранг европско клупско натпреварување. Од првите осум осмина-финални натпревари за издвојување се два посебно интересни дуели:
- Ова е второ соочување за овие две екипи кои се сретнаа пред само пет дена во Серија А во Торино каде Јувентус славеше со 1:0.
- Италијанскиот првак е во одлична серија од 12 последователни победи на сите натпреварувања и има 14 од 14 во Серија А.
- Единствениот пораз во домашното првенство им е токму од Фиорентина на гости од 4:2, кога „Виолетовите“ по негатива од 0:2 стигнаа до целосен пресврт, благодарение најмногу на хет-трикот на Џузепе Роси.
- Ова е втор дуел на овие две екипи на меѓународните натпреварувања. Првиот пат се сретнаа во финалето од Купот на УЕФА во 1990 година кога „Бјанконерите“ стигнаа до трофејот.
- Ова ќе биде 29 италијанска пресметка на европска сцена. Доминацијата е на страната на домашните екипи кои триумфирале 15 пати, а гостите пет пати.
- Антонио Конте е единствениот тренер од учесниците во осминафиналето кој како играч го освоил ова натпреварување.
- Првиот и последен судир на овие две екипи на меѓународните натпреварувања се случи пред 40 години кога во второто коло од Купот на УЕФА Наполи беше подобар со 1:0 и на двете средби.
- Порто и Наполи минатото лето се сретнаа на турнир во Лондон на кој Наполитанците победија со 3:1. Стрелец на првиот гол на тој меч беше Горан Пандев.
- Наполи нема пораз на последните осум меча на сите натпреварувања.
- Овие две екипи заедно со останатите осмина-финалисти Тотенхем, Севиља, Валенсија и Јувентус се и поранешни освојувачи на ова натпреварување. Наполи го подигна пехарот во 1989, а Порто во 2003 и 2011 година.
ЛИГА ЕВРОПА, 1/8-финале, први натпревари:
Базел - Салцбург
Порто - Наполи
Лудогорец - Валенсија
АЗ Алкмар - Анжи
Јувентус - Фиорентина
Лион - Викторија Плзен
Севиља - Бетис
Тотенхем - Бенфика