- Откако триумфирале на првиот меч на гости, Каталонците успеале да одат понатаму 32 пати од вкупно 34 на меѓународните натпреварувања. Последен пат тоа се случи во осминафиналето против Баер Леверкузен во 2011/2012.
- Фудбалерите на Барселона имаат реализирано вкупно 4.963 додавања оваа сезона во Лигата на шампионите и се најуспешни во оваа статистика. Лидер е Чави со 727 успешни пасови.
- За Манчестер Сити ова е прв пласман во нокаут фазата, но не и за Мануел Пелегрини кој има две четвртфиналиња со Виљареал (2006 и 2009) и едно со Малага (2012).
- Четирикратниот европски првак последен пат не успеа да обезбеди пласман помеѓу најдобрите 8 екипи во 2006/2007. Минатата година загуби од Милан со 2:0, но на реваншот на „Камп Ноу“ тримфираше со 4:0.
- Составот на Пелегрини знае да ги изненади великаните на европскиот фудбал на гостински терен. Тоа го стори оваа сезона во групната фаза кога славеше на „Алијанц арена“ со 3:2.
- Само две екипи до сега успеале да изборат пласман во следната фаза откако претходно загубиле на првиот меч на домашен терен. Тоа го направија Ајакс 1995/1996 и Интер 2010/2011 откако беа поразени на првиот дуел со 1:0. Ова важи откако натпреварувањето го носи називот Лига на шампионите.
Типстерите на оваа средба најмногу веруваат во 3+
- Фудбалерите на ПСЖ се доминантни на „Паркот на Принцовите“ каде од ноември 2012 година имаат само еден пораз.
- Сезонава во Лигата на шампионите имаат примено само 5 гола на 7 меча. Последен пат примија 4 голови во февруари 2012 година кога ремизираа во домашното првенство со Лион 4:4.
- За составот на Сами Хипиа ќе биде чудо ако го минат ПСЖ. По зимската пауза во Бундес лигата играат во слаба форма со само две победи на девет меча на сите натпреварувања.
- ПСЖ е на прагот да стигне до четвртфиналето со импресивна серија од 27 меча без пораз на европските натпреварувања.
- Последен пат Германците се пласираа помеѓу најдобрите 8 екипи во Европа во 2001/2002 кога станаа и финалисти.
- Парижаните минатата година се пласираа во четвртфинале по долгата пауза од 1994/1995.
Според прогнозите на Типстерите ПСЖ повторно ќе слави победа.