Атлетико Мадрид - Милан 4:1 (2:1)
Коста 3`, 85` Туран 40`, Гарсија 71` - Кака 27`
Атлетико Мадрид ја потврди маестралната форма оваа сезона и по пауза од 17 години успеа да обезбеди пласман помеѓу најдобрите 8 екипи во Европа. Домаќините го отворија резултатот уште во 3 минута од мечот преку Коста, а по една одлична акција на „Росоњерите“ успеа да израмни Кака. На 5 минути до крајот на првиот дел Туран погоди за 2:1, а противникот во вториот дел го дотолчија Гарсија и Коста кој стигна и до втор погодок на средбата.
Баерн Минхен - Арсенал 1:1 (0:0)
Швајнштајгер 55` - Подолски 57`
Нешто помалку возбудливо беше во Минхен каде во првото полувреме мрежите мируваа. Во 55 минута Швајнштајгер го отвори резултат на асистенција на Рибери, а конечните 1:1 ги постави Подолски по само 2 минути игра. Домаќините можеа да триумфираат и на овој дуел, но Томас Милер не го реализираше ударот од белата точка во 92 минута.