Offside

Во НБА ретко се откажуваат од огромни договори. Тоа е животен сон за многумина, да се обезбедат за уште долго по крајот на кариерата.

Антиќ одмораше, Атланта загуби

Екипата на Атланта Хокс без услугите на Перо Антиќ загуби на гостувањето кај Мемфис Гризлис со 108:101.

Цепелинот на Манасков против Данска

Ако може да има некаква утеха од воведниот пораз на Европското првенство, тоа е голот на Дејан Манасков по додавањето на Борко Ристовски. Дефинитивно гол на натпреварот и кандидат за најдобар погодок на првенството.

Македонија со пораз го отвори еврошампионатот

Ракометната селекција на Македонија беше немоќна против домаќинот и актуелен освојувач на Европското ракометно првенство кој водеше во текот на целиот меч и на крајот стигна до триумф од 29:21.

МЗТ потклекна во продолжението

Македонскиот кошаркарски шампион загуби на гостувањето кај Будуќност по трилер натпревар кој беше одлучен со едно продолжение.

Кога дирекот ќе ти го сруши ќеифот

Фудбалерите на Вестерн Сиднеј го добија градското дерби против тимот на Алесандро Дел Пјеро, но се изнамачија погодувајќи ја пречката четири пати. Најмалерозни беа при крајот на првиот дуел кога пропуштија во иста акција еврогол па зицер.

Тикет на колото

Освен Бундес лигата, сите останати атрактивни национални првенства стартуваа со фудбал во новата година. Еве ги нашите први предлози во 2014 година.

Голови на неделата

Помеѓу најдобрите десет голови од изминатите седум денови се најдоа и мајсториите на Лукарели, Негредо, Џеко...

Атланта го победи и Хјустон

Кошаркарите на Атланта Хокс ја забележаа и 20-та победа по 37 одиграни натпревари, совладувајќи ја екипата на Хјустон Рокетс со 83:80.

Македонија тргнува во трет европски поход

Иако ја оствари високата 5-та позиција на минатиот континентален собир во Србија, Македонија не лета во облаци по висок пласман на 11-то Европско ракометно првенство во Данска кое стартува овој викенд со најтешкиот меч за нашиот состав против домаќинот.

Ножички на младински турнир

Џонатан Александерсон е најголемиот фраер на турнир во Шведска, каде и покрај малиот број на публика во вистински момент се најде вклучена камера за да се архивира атрактивниот потег.

Бошко Ѓуровски ќе дебитира пред своја публика

Новиот предводник на нашиот национален фудбалски тим првиот натпревар ќе го има против Летонија на 5 март.

Грешките на ФИФА

За само неколку месеци челниците на ФИФА направија толку многу грешки заради кои дури може и да ги загубат своите фотелји.

Двајца судии, еден килим

Како да им се осветиш на судии кои те оштетиле на хокеј натпревар? Само постели им килим и тие сами ќе се казнат.

Учинокот на Дејвид Мојс

Приказната за ангажирањето на новиот тренер на Манчестер Јунајтед Мојс сам си ја раскажа, а таа се случило кога Фергусон го викнал на гости и го пречекал со зборовите „јас си заминувам, а ти ќе ме замениш". За сега излегува дека стариот лисец одбрал погрешен гостин.

Страшната маскота на Хјустон

Маскотата на Хјустон Рокетс употреби еден стар трик на скриена камера и успеа да ги исплаши сите кошаркари.

НХЛ распродава повеќе од НБА

Челниците на НБА лигата се пофалија дека оваа сезона во просек продаваат за 1% повеќе влезници од минатата сезона, но сепак кошаркарите и натаму заостануваат зад хокеарите.

Идентичен кам бек на две аргентински десетки

Jасно e дека се работи за великаните Диего Армандо Марадона и Лео Меси. Медиумите и критичарите често пати знаат да се оптоваруваат околу тоа кој е подобар, но ние ќе ви пренесеме еден историски факт кој ги поврзува овие две ѕвезди.

Најголемото фудбалско богатство на едно место

Кои се најбогатите играчи, клубови и газди во светот на фудбалот. Сето ова ќе го дознаете на само една многу моќна слика каде со првата позиција може да се пофалат Дејвид Бекам, Реал Мадрид и Мансур Бин Зајед.

Кога ќе изгубиш кладба

Шпанецот од редовите на Свонси, Анхел Ранхел бил најслаб на натпревар во погодување на пречка од гол на тимскиот тренинг, па како дел од кладбата тој цела недела на тренинг ќе мора да доаѓа со оваа убавица.

Блатер ќе „лета“ од ФИФА

Откако се потврди дека Мудијалот во 2022-ра ќе мора да биде преместен, кладилниците нагло ги намалија коефициентите за кладбата дека Блатер ќе ја напушти ФИФА до крајот на годината.

Грифин не знае полека

Блејк Грифин едноставно не знае да забие без тоа да биде немилосрдно направено кон обрачот или противникот. Овој пат негова жртва беше Крис Хамфрис.

Голчиште од Непал

Во јужноазиската земја фудбалерите не играат на трева, но тоа не им смета да испратат бомба од половина терен.