Скудето и Лига Европа во иста година е тешко остварливо

Најголемиот императив оваа сезона за Бенфика и Јувентус е освојувањето на двојната круна, но само една од овие две екипи ќе оди во финале и ќе има можност да биде помеѓу ретките екипи кои во еден тежок и згуснат модерен распоред се радувале на двата пехари.

Откако Лигата на Европа по завршнувањето на групните фази се игра со елиминации во периодот од февруари до мај, само еден тим успеал да ја освои, а истовремено истата сезона да биде и шампион во својата земја, но во првенство со 20 тимови. 

Тоа му успеа на Рафа Бенитез со тимот на Валенсија во 2003/2004. Во таа сезона за разлика од сега, календарот беше за нијанса подобро организиран. Првите мечеви во нокаут фазата се играа во среда, а паузата помеѓу реваншите во 16 и 1/8 финалето траеше две недели.

Можност за ваков успех имале уште три француски и два англиски шампиони, но сите биле елиминирани во нокаут фазата. Бордо во 2009/2010 стигна помеѓу најдобрите 32 екипи каде беше елиминиран од Галатасарај.

Следната сезона Олимпик Марсеј славеше во домашното првенство, но загуби од осминафиналето од Бенфика. Потоа шампионот Лил не успеа да го мине ПСВ со кој се сретна во 16 финалето.

Шанса имаше и Роберто Манчити со Манчестер Сити, но беше елиминиран во осминафиналето од Спортинг. Истата судбина го снајде и Манчестер Јунајтед кој во друштво помеѓу најдобрите 8 загуби од Атлетик Билбао.

Второто по ранг клупско европско натпреварување сега се игра во позгуснат календар, со тоа што сите натпревари во елиминационите фази се играат без пауза помеѓу реваншите. Тоа значи дека екипите заедно со првенствените натпревари играат во напорно темпо четврток-недела-четврток.

Единствената екипа која по Валенсија може да стигне до славје со титула во првенство со 20 клубови и во ЛЕ е Јувентус. За истото се борат и фудбалерите на Бенфика со таа мала разлика што играат во првенство со 16 екипи и помалку првенствени натпревари.

Останатите две екипи на кои им успеало ова се Порто 2010/2011, но во лига која завршува малку порано и Зенит 2007/2008 каде сезоната во руското првенство била на самиот почеток.

24 април 2014 - 18:27