Offside

Кошаркарите на Минесота повторно го совладаа Денвер Нагетс, овојпат 112:96 и се на само чекор да ги исфрлат Нагетс од доигрување за титулата и пласман во полуфинале на Западната конференција во НБА.

Најрискантно чистење топка од пред гол

Оливие Тебили беше фудбалер од Брег на Слонова Коска кој во 2000-те години играше за француските Ниор и Шатеру, а подоцна настапуваше за Селтик, Бирмингем Сити и Торонто. Еднаш во англискиот фудбал ќе постигнеше ефектен автогол.

Шчесни растури од бранење против Бенфика

На толку големо меѓународно искуство и куп натпревари за големи екипи како Арсенал и Јувентус, Барселона многу добро знаеше каков голман враќа на терен од пензија. Затоа и не примија гол на првиот осминафинален меч од ЛШ, бидејќи го имаат Пољакот.

123 години Реал Мадрид

На денешен ден, 6-ти март 1902 година е основан Реал Мадрид, најголемиот светски фудбалски клуб според многумина. Реал со пригодно видео го одбележа роденденот. „Кралскиот клуб“ е најтрофеен во европскиот клупски фудбал и клупска кошарка. 26 европски шампионски титули (15 во фудбал и 11 во кошарка).

А коментаторот што пее на голови?

Познат е како Бамбино Понс. Аргентинец е. Работи за аргентинското студио на гигантот ЕСПН во Латинска Америка. Познат е по тоа што пее на секој постигнат гол, а секогаш пее различна песна. Сам си ги смислува во моментот. И многу им е симпатичен на гледачите во тој дел од светот.

Харден + Богдан Богдановиќ = 73 поени

Лос Анџелес Клиперс го совлада Детроит Пистонс 123:115 во натпревар на кој Џејмс Харден постигна страшни 50 поени! Ветеранот имаше уште и 5 асистенции и 4 скока. Голема поддршка Харден имаше и од Богдан Богдановиќ кој постигна 23 поени со 3 скока и 3 асистенции како и Ивица Зубац со 22 поени и 11 асистенции.

Имиџот на тренерот на Барселона од Еквадор

Сегундо Кастило е млад 42 годишен тренер кој ја води Барселона Спортинг Клуб или позната Барселона де Гвајакил од Еквадор. Неговите сфаќања за тоа како треба да биде облечен за време на фудбалски натпревар се скроз поинакви.

Тренерот на Лион кој го водеше Милан е казнет 9 месеци!

Педесет и две годишниот португалски тренер, роден во Мозамбик, Пауло Фонсека кој во кариерата ги водеше Порто, Пакош Фереира, Брага, Шахтјор Доњец, Рома, Лил и Милан, од скоро седна на клупата на Олимпик Лион. А таму го спопадна нешто па за време на мечот против Брест во Лига1 бурно и агресивно го нападна главниот судија на кого му се внесуваше во лице. Доби директен црвен картон, а сега и суспензија од 9 месеци!

Филипе Кутињо ве поздрави

Поранешната бразилска ѕвезда на Интер, Ливерпул, Барселона и Баерн Минхен, е далеку од престарен за фудбал. Има 32 години и од минатото лето игра за Васко да Гама. Уште се служи со истите специјалитети.

Нојер се повредил додека славел гол на Баерн Минхен

Баерн Минхен го доби сè-германското дерби во Лига на шампиони откако со 3-0 го совлада големиот ривал Баер Леверкузен. Ова беше прв пораз на Чаби Алонсо на 7 меча против Баварците откако седи на клупата на „аспиринџиите“. Два гола постигна Хари Кејн, еден од пенал, а еден постигна Џамал Мусиала. Мануел Нојер се повреди при прослава на вториот гол на екипата а на негово место влезе дебитантот Јонас Урбиг (21) кој бранеше одлично до крајот.

Врвните паради на Алисон кој правеше чуда

Бразилскиот репрезентативен голман со право е број 1 на голот на „кариоките“. Синоќа на мечот ПСЖ - Ливерпул (0:1) покажа зошто важи за светска топ класа голман со години веќе. Одбрани 8 чисти шута во рамки на неговиот гол и е најзаслужен што Ливерпул се спаси на гостувањето во Париз.

ЕХФ: Ти благодариме господине Дибиров што нè натера да веруваме во магија

Издржливост, долговечност, посветеност, плус мајстор на ракометот. Еден од најголемите крила во 21 век и сигурно меѓу најомилените ликови на навивачите на Вардар. Клубот за кој би се вратил повторно да игра за европска титула без плата.

Убав муабет меѓу Дибиров и навивач на Вардар

Натпреварот меѓу Загреб и Киелце (26-27) во Лига на шампиони беше последен во кариерата за Тимур Дибиров. Од трибина го следеше Македонец кој имаше кус разговор со руската легенда. На крај му се заблагодари за сè што направи за Вардар и македонскиот ракомет. Тимур му возврати дека планира наскоро да дојде во Скопје на натпревар на црвено црните. Во меѓувреме стигна покана и од РК Вардар: Те чекаме.

Легендарната реклама на Роберто Карлос за Пепси

Бразилецот играше лев бек а во своето време беше најпопуларен фудбалер на светот. Препознатлив по сјајната левица со која постигнуваше прекрасни голови од слободни удари.

ПСЖ играше викторија, Ливерпул победи со 1 шут

Дека статистиката во фудбалот не значи ама баш ништо на крајот, покажа и првиот дуел од 1/8 финале на ЛШ меѓу ПСЖ и Ливерпул. Домаќините имаа 27 шута од кои 10 во рамки на гол. Гостите имаа 2 удари од кои само 1 во рамки и тој заврши во мрежата. Баерн убедлив против Баер Леверкузен а Барселона со играч помалку до огромен триумф во Бенфика.

Пантерските реакции на Алисон со ПСЖ

Пари Сен Жермен играше „викторија“ пред голот на Ливерпул во првиот дел од првиот натпревар во 1/8 финале на Лига на шампиони, но само благодарение на Бразилецот црвените ја спасија мрежата. Бранеше Алисон маестрално во неколку наврати.

Интер заврши пола работа, со една нога е во четвртфинале

Фудбалерите на Интер рутински со 0-2 го совладаа холандски Феенорд во Ротердам на првиот меч од осминафиналето. Нераѕурите на Инзаги имаа и пенал за огромни 0-3 но го промаши полскиот репрезентативец Пјотр Зјелински. Стрелци на двата гола главните центарфори на екипата, Маркус Турам и Лаутаро Мартинез.

Епскиот жолт картон во Лига на шампиони

Се работи за четвртфинале меѓу Легија Варшава и Панатинаикос од Атина, а сезоната е 1995/1996. Некои случки едноставно се неповторливи во фудбалот.

Роналдо не патува на меч во Иран за да не добие 99 камшици

Португалскиот ас Кристијано Роналдо најверојатно ќе го пропушти првиот натпревар од 1/8 финалето на азиската Лига на шампиони меѓу ирански Ештегал и неговиот Ал Наср.

Омилени филмови на фудбалерите на ПСЖ

Вечерва во Париз ќе се одигра првиот дуел од осминафиналниот пар ПСЖ - Ливерпул. Луѓето кои ги водат друштвените мрежи на парискиот клуб направиле мала анкета во екипата. Кој ви е омилен филм? Во оваа прилика го поздравуваме голманот Џанлуиџи Донарума кој очигледно има добар филмски вкус.

Шест години од лудиот перформанс на Ајакс на Бернабеу

Како вчера да беше онаа неверојатна сезона 2018/2019 на Ајакс кој без пораз ја мина групната фаза, а во нокаут ги елиминираше Реал и Јуве и стигна до полуфинале. 1:4 да го добиеш Реал во осминафинале на нивен терен е реткост. Ги здробија.

Пандев против Јувентус со коментар на Јанко

Ако налетате денеска на појак клип да ни пишете. Лацио против Јувентус, полуфинале на Куп на Италија, март 2009-та. Гостите поведуваат со голот на Маркиони, но Пандев и Роки ја вртат. И пази ова, со пренос на Наша Тв и со коментар на Јанко Илковски. Ќе го покажат и него во кадар. Па нема појако од ова.

Жељко Обрадовиќ кај Славен Билиќ

(Не)успех на првакот е насловот на емисијата која на Арена Спорт ја водеше Мирза Џомба, а од неодамна палката ја презеде легендарниот хрватски тренер Славен Билиќ кој решил малку да одмори од секојдневните тренинзи и напорните натпревари. Меѓу првите гости му е најтрофејниот европски кошаркарски маг - Жељко Обрадовиќ. Фин муабет.

Почина легендарниот италијански коментатор Бруно Пицул

Најпознатиот италијански спортски коментатор, Бруно Пицул починал во Горица на 86 години. Роден на 8-ми март 1938-ма година, Пицул работеше во италијанскиот национален сервис РАИ уште од 1969-та. Од Светското првенство 1986-та беше препознатлив глас за италијанската и пошироката европска публика. Последен натпревар кој го коментираше овој легендарен спикер кој пренесуваше и натпревари од Серија А, беше мечот Италија - Словенија во август 2002-ра. Тој го прнесувал и трагичниот меч од Хејсел, финалето на Куп на европски шампиони меѓу Ливерпул и Јувентус кога загинаа 39 лица а стотици беа повредени.

Лука Дончиќ одново решеташе, па го пцуеше судијата

Еден од најдобрите кошаркари на светот, Лука Дончиќ повторно одигра маестрална партија во нова победа на ЛА Лејекрс, овојпат над Њу Орлеанс Пеликанс 136:115. Овој натпревар беше во целост во знак на Леброн Џејмс, ветеранот синоќа стигна до 50.000 поени во НБА, прв играч во историјата со таков учинок.