Никола Кустурица стана најмлад дебитант во историјата на Барселона

Младиот српски кошаркар Никола Кустурица влезе во вечните книги на Барселона откако синоќа со 16 години, четири месеци и 17 дена заигра за првиот тим на Барса во триумфот против Андора 90:81 во пријателски натпревар. Кустурица кој летово ја водеше својата кадетска репрезентација до европското злато, ја доби и МВП наградата за најдобар играч на Европското првенство. Се очекува да биде дел од екипата на Барселона сезонава и во Евролига.

18 септември 2025 - 10:29