Славија Прага и Бодо Глимт одиграа преубав натпревар и дебитантот во Лига на шампиони од Норвешка го освои првиот историски бод во најелитно друштво. Домаќините од Прага водеа со 2-0 со головите на Ел Хаџи Ембоџи во 23-та и 74-та минута. Гостите намалија прво во 78-ма минута па во 90-та постигнаа гол преку Сондре Брунштад Фет. На акцијата и претходеше чуден потег зошто судијата допушти еден играч на Бодо Глимт кој беше надвор за лекарски преглед, среде контра да влета на терен.