Син даде гол во Лига на шампиони, 25 години по голот на татко му

Рубен Ван Бомел (23) е син на легендарниот холандски фудбалер Марк Ван Бомел кој играше за ПСВ, Барселона, Милан, Баерн Минхен и репрезентацијата на Холандија. Сега син му кој игра во ПСВ Ајндховен постигна дебитантски гол во Лига на шампиони, на отворањето во поразот дома 1:3 од белгиски Ројал Унион Сен Жилоа. Марк Ван Бомел исто даде гол во Лига на шампиони во септември 2000-та година, пред 25 години, во големата победа 3-1 против Манчестер Јунајтед.

Јунајтед тогаш во Ајндховен дошол со Ван дер Голф, Гери Невил, Фил Невил, Браун, Силвестре, Бат, Сколс, Кин, Грининг, Солскјер и Јорк.

За ПСВ Ајндховен играле: Ватереус, Хајнце, Ван Бомел, Кежман, Арнолд Бругинк, ван дер Веерден, Вогел, ван дер Доелен, Никифоров, Бума и Хофланд.

Манчестер повел прв преку Сколс од пенал уште во 3' минута откако Солскјер бил фаулиран од домашниот голман. ПСВ Ајндховен направил чудесен пресврт со головите на Бума, Ван Бомел и Матеја Кежман.

Сега 25 години подоцна, Рубен Ван Бомел, синот на Марк постигна гол во Лига на шампиони за ПСВ Ајндховен:

19 септември 2025 - 09:39