
Ретко кој фудбалер дал еден а камоли два гола на култниот стадион „Енфилд Роуд“ во Лига на шампиони. Со таков подвиг ќе може да се пофали шпанскиот фудбалер од среден ред на Атлетико Мадрид.
Маркос Љоренте е барјактар на оние кои на друштвените мрежи зборуваат за теории на заговор.
Тој на една објава на Инстаграм од фудбалскиот клуб Хетафе на која има неколку фотографии од прослава на гол на екипата, коментирал: „Трагови на небото (кемтрејл) на втората (слика)“ мислејќи на втората слика која ги прикажува играчите на Хетафе како го слават голот на Марио Мартин против Овиедо а во позадина се гледаат траги од авион кој прелетал на небото.
Ова не е првпат Маркос Љоренте, познатиот фудбалер на Атлетико Мадрид да споменува трагови од авиони (познати како кемтрејлс). Неговата сопруга Патрисија Пади Ноарбе исто има споделувано слични мислења на друштвените мрежи: во објава таа навела дека оние кои го порекнуваат геоинженерингот „не сакаат да гледаат ниту во небо, ниту во вештачка интелегенција“.
Пред неколку месеци, фудбалерот веќе објавил видео на својот Инстаграм профил на кој се гледаат траги од прелет на авион на небото и напишал: „Доста е!“