Прославениот француски ас Ерик Кантона кој блескаше во дресот на Манчестер Јунајтед и на времето беше идол на многу млади, сега го кажува тоа што обичниот народ го мисли а не допира до политичарите.
„Само четири дена откако Русија започна војна во Украина, ФИФА и УЕФА ја суспендираа Русија. Сега сме на 716 дена од она што Амнести Интернејшнл го нарече геноцид и да, уште Израел продолжува да учествува (во ФИФА и УЕФА)“.