Чоло Симеоне се влечеше со редари и навивачи на Ливерпул на Енфилд

Ливерпул по петти пат сезонава дава гол во последните моменти од натпреварот за победа. Така синоќа против Атлетико Мадрид гостите имаа 2-2 до 90+2' минута од судиско продолжение кога Вирџил Ван Дајк по којзнае кој пат го вади Ливерпул. Диего Симеоне со право збесна на крајот затоа што навивачи му покажуваа среден прст, го навредувале и пцуеле. Тргна да се тепа па доби црвен картон.

 
18 септември 2025 - 10:17