
Јуве и Борусија Дортмунд одиграа спектакуларен натпревар со дури 8 гола кои паднаа во вториот дел. И Кенан Јилдиз и Карим Адејеми постигнаа прекрасни голови.
Вториов го отвори резултатот во 52' минута и најави огномет:
А првиот го даде најубавиот гол на мечот, еврогол:
После натпреварот присутните и оние крај телевизорите беа збунети што двајцата толку многу се размуабетија како да се знаат одамна. И никој не знаел дека навистина се знаат одамна.
Кенан Јилдиз е Турчин роден во Германија, во Регензбург. Одел во школо каде што учел Карим Адејеми, Нигериец по потекло на родители а игра веќе неколку години за Германија.
Посетувале училиште во градот Унтерахинг. Едниот бил десетто одделение кога другиов, Јилдиз кој е помлад бил петтодделенец.
„Си кажавме неколку шеги на турски јазик. Тој знае неколку збори и мислам дека некогаш знае подобро дури и од мене.
Тој е многу добар играч и многу добар човек. Го знам уште од школските денови. Одевме во исто училиште во Унтерахинг, мислам тој беше десетто јас бев петто.
Луѓето го следеа. Тој беше нешто како пример во школо тогаш. Многу, многу добар лик е“, рекол Кенан Јилдиз после дербито со Дортмунд.
А раскажал и Адејеми:
„Се познаваме. Одев во школо со него. Тој беше помлад. Многу, многу добро момче и секако многу, многу добар фудбалер.
Јас постигнав гол, тој постигна гол и после како што обично следува, малку се пошегувавме и му реков да не дава веќе голови и да не трча назад. Но тоа е фудбалот, добро се пошегувавме, добар дечко е“.