Кралски пречек за Кевин Де Брујн на Етихад

По точно една декада везење во дресот на Манчестер Сити, Де Брујн заигра против Манчестер Сити. Го испочитуваа и играчите и навивачите.

Кевин се појави на Етихад во дрес на Наполи, што веројатно делуваше чудно за сите на вчерашниот натпревар.

За жал одигра само 21 минута, бидејќи Конте го извади од игра од тактички причини, поради раниот црвен картон на Ди Лоренцо.

Уште на клупската фотографија на Наполи, цел стадион го скандираше неговото име, а од тоа има и видео.

Родри и Халанд на крај го гушкаа, а тој делуваше збунето.

Кевин Де Брујн ќе остане запечатен во историјата на Манчестер Сити како еден од најдобрите играчи.

Играше маестрален фудбал со неброени страшни асистенции. Одиграа 422 натпревари и постигна 108 гола.

За 10 години освои 19 трофеи од кои 6 титули во Премиер лига, 5 Лига Купови, 2 ФА Купови, 3 пати Комјунити Шилд, како и ЛШ, Супер Куп на УЕФА и Светско клупско.

Легенда. 

19 септември 2025 - 09:33