Кавалери на морето - убава си Сампдорија

Официјално и неофицијално, Сампдорија отсекогаш ги имала најубавите дресови на свет. Тоа ќе ви го потврди секој искрен љубител на фудбалот. Сега марката Макрон им извади трет дрес за новава сезона. А дизајнерите и видео едиторите направиле преубава приказна.

За жал екипата не игра како што работат дизајнерите и маркетинг службата, па во новата сезона од Серија Б имаат 3 порази од 3 натпревари.

18 септември 2025 - 12:37