Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

ЕЛЕМ и UNIQA одиграа спектакуларни 6:6

Во вториот ден од второто коло во Бизнис лигата екипата на Лукоил повторно убедлива, а најефикасен беше дуелот на кој ArcelorMittal славеше над Контрола на летање.

Светскиот шампион заборави да победува

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Џон О`Ши и зема бод на Германија во 93 минута, а Роналдо и донесе победа на Португалија во 95-та. Нерешено заврши и дуелот меѓу Полска и Шкотска, а на сите останати квалификациски натпревари славеа гостинските екипи. 

Албанското знаме леташе над Белград

Квалификацискиот натпревар за ЕП 2016 помеѓу Србија и Албанија помина во хаос и се одигра само едно полувреме. Албанските навивачи со далечински управувач уфрлија знаме на терен, фудбалерот на Србија, Стефан Митровиќ се обиде да го отстрани, но гостинските играчи реагираа бурно по што настана тепачка.

Топ 10 соборувања на австралиски фудбал

Не е рагби, не е американски фудбал, најмалку е регуларен фудбал, и се игра на терен што изгледа како да си ги споил игралиштата од претходните три во едно.

Фабио Капело на рапорт кај министерот за спорт на Русија

Нерешениот исход против Молдавија (1:1) во квалификациите, дополнително го зголеми гневот кај навивачите на Русија, кои не можат да му ја опростат платата на селекторот.

Не бе судија сега да свирнеш крај

Дунга го врати Робињо во репрезентација, но судијата по само 2 секунди му рече доста ти е играње, не мора ни да се бањаш.

Филипинците ќе си го срушат светскиот рекорд во кошарка

Имаат арена поголема од сите во НБА, но и од многу стадиони во Европа како на пример од оној на Манчестер Сити.

Само 12 клуба во Европа дале повеќе голови од Роналдо

Во воведните 6 кола од шпанската Примера, Португалецот постигнал повеќе погодоци од 104 тимови во 5-те најдобри европски лиги.

Најџел Бонд на снукер во Скопје

На 6-ти и 7-ми октомври во Скопје на гости и играње снукер беше еден од најпознатите снукер играч од Англија, Најџел Бонд. Освојувачот на Отвореното првенство на Велика Британија, во Скопје го донесе Гран Клуб.

Нејмар ги наполни Јапонците со 4 гола

На пријателски меч во Јапонија, бразилската ѕвезда запна да си го зголемува бројот на голови за репрезентација. На само 22 години стигна до 40 на 58 натпревари и е петтиот најдобар стрелец за Бразил.

Вака не можеа ниту Шаќири и Михајловиќ

Иако е на тренинг па можеби му успеало од 100-ти пат, младиот Саидо Берахино успеа да постигне гол од уште по мртов агол од корнер. Фудбалерот на ВБА минатата сезона заработуваше 850 фунти неделно.

Најмладите дебитанти во историјата на Евро квалификациите

15-годишниот фудбалер на Стромсгодсет вчера влезе во игра против Бугарија, со што стана убедливо најмладиот фудбалер што играл квалификациски натпревар за Европско првенство. Меѓу петте најмлади дебитанти има двајца од Лихтенштајн и по еден фудбалер од Грузија и Исланд.

Германија – Република Ирска во 20:45

Од спорт на ТВ ви ги препорачуваме последните натпревари од третото квалификациска рунда за ЕП 2016, неколку пријателски и прво фудбалско коло во Индија каде се среќаваат Дел Пјеро и Трезеге.

СЦ Борис Трајковски со автогол остана без победа

Екипите на Sparkasse и Dominos Pizza со победа го отворија второто коло од Бизнис лигата на Македонија, а најинтересен натпревар одиграа Eurolink и СЦ Борис Трајковски кој заврши 7:7.

Исланд ја победи и Холандија, реми во Зеница

Скандинавската селекција има гол-разлика 8:0 и 9 бода од 3 натпревари, откако вечерва ја совлада Холандија во Рејкјавик со 2:0. Рутински победи на Чешка Република и Хрватска, Италија се измачи со Малта. Реми меѓу Латвија и Турција и БиХ и Белгија.

Најупорните 10 репрезентативци од кои треба да учат некои наши

На 27 и 30 години срамота е човек да го соблече националниот дрес, а двајца на тие години се откажаа од нашата селекција. Бошко Ѓуровски изјави дека играњето за својата земја е нешто посебно и емотивно, а тоа одлично го знаат и рекордерите по бројот на настапи.

На Светското беа јунаци, сега никаде ги нема

Очоа, Оспина, Навас, Ромеро и Жулио Цезар беа во центарот на вниманието на Мундијалот во Бразил со еден куп клучни паради, но од тогаш наваму се само бледа сенка во европскиот фудбал.

Индиско Супер селфи

Новоформираната Индиска Супер лига стартуваше викендов, а за промоција се погрижија Трезеге, Пирес, Дел Пјеро, Љунберг, Силвестре, Џејмс, Луис Гарсија и Капдевиља кои играат во 8 различни екипи, колку што има во лигата.

Фудбалер на Естонија вчера го чуваше Руни, а денес касарната

Артур Пик е најгордиот фудбалер на квалификациските средби за Европското првенство. Како трета опција на резервен фудбалер, доби шанса да игра против ѕвездите од Англија, а денеска сигурно му бараат автограми во војска.

За Лејкерс и без патика ако треба

Некои патуваат далеку да ги бодрат соиграчите, некои играат повредени и без редовна плата, а Рони Пирс за својот тим игра и бос.

Магијата на Херера

Фудбалерот на Порто растура со атрактивни дриблинзи во дресот на Мексико. Синоќа вешто измами дефанзивец на Панама, а претходно од игра исфрли двајца Чилеанци.

Од татко на син, талентираните деца на познатите фудбалери

Многу поранешни играчи се одлучија да ги носат своите синови на фудбал, ама некои од нив останаа малку подолго на терените, како децата на  Паоло Малдини, Зинедин Зидан, Ривалдо, Ѓеорге Хаџи и Диего Симеоне.