Eurolink му ја украде победата на СЦ Борис Трајковски
Eurolink 7-7 (5-3) СЦ Борис Трајковски
Eurolink: Дарко Кадински 10’, 10’, 38’, Никола Костовски 18’, 40’, Антонио Кочовски 19’, 20’
СЦ Борис Трајковски: Влахо Костов 2’, 7’, 24’, Јован Димовски 3’, 27’, 37’, Љубомир Стојановски 21’
Натпреварот го отвори екипата на СЦ Борис Трајковски со супериорен влез во истиот постигнувајќи 3 гола за убедливо водство. Иако се чинеше дека Eurolink е скршен, потполно ги консолидира своите редови и со неверојатен пресврт не само што се врати во овој натпревар, туку и го доби полувремето со 5-3. Во второто полувреме екипата на СЦ Борис Трајковски за само 5 минути постигна 2 погодоци со што го израмни резултатот, по што следеше драма. И двете екипи играа максимално отворен фудбал, натпреварот се заклучи буквално во последната секунда кога екипата на СЦ Борис Трајковски на мало невнимание во одбраната прими автогол за 7-7 на крајот.
Sparkasse со добра одбрана до победа над ONE
Sparkasse 4-1 (2-1) ONE
Sparkasse: Дарко Стојановски 6’, Стојанчо Јосифоски 19’, 22’, Иван Стојановиќ 30’
ONE: Слободан Кекеновски 12’
И двете екипи влегоа доста мотивирано во овој натпревар со акцент на одбраната. Се играше доста цврста одбрана, оневозможувајќи му на противникот да дојде до лесни шанси за гол. Екипата на Sparkasse искористи два контранапади преку кои дојде до водство од 2-1 (полувреме). Во второто полувреме Sparkasse само ја засили играта во нападот, не му дозволи на ONE да се разигра и влезе во бурна завршница за сигурна победа на овој натпревар од 4-1.
Dominos Pizza не дозволи изненадување во дуелот со TRANSMET
Dominos Pizza 6-4 (5-1) TRANSMET
Dominos Pizza: Никола Гајдов 3’, 17’, 38’, Оливер Младеновски 8’, Бојан Стојковски 14’, 16’
TRANSMET: Амер Скендеровиќ 9’, 37’, Марјан Талески 27’, 29’
Во првото полувреме екипата на Dominos Pizza прикажа апсолутна доминација пред се во нападот, каде што имаа одлични акции со брзи проигрувања за кои TRANSMET немаше решение па на полувремето отидоа со високи 5-1. Во второто полувреме TRANSMET целосно се врати во натпреварот, но поради двете исклучувања едноподруго, кои се случија на 2 минути пред крајот не можеше да дојде до целосен пресврт, па го загуби овој натпревар со 6-4.