Offside

Најдобриот фудбалер на Светското првенство 2026 и најдобар играч на светот според изборот на ФИФА за 2025, Шпанецот Родри најверојатно ќе премине во Барселона. Иако долго време го поврзуваа со Реал Мадрид.

Лејкерс можат без Коби, Атланта реди победи

Атланта Хокс победи и на 14-от на последните 15 натпревари, откако вечерва го добија ЛА Клиперс без Антиќ кој не влегуваше во игра. Кливленд славеше над Минесота, а Демијан Лилард блескаше во победата на Портланд над Оклахома после продолженија. Дивац погоди од пола терен и заработи 90.000 долари.

Јувентус и Валенсија донесоа профит, МанчестерЈунајтед разочара

Доста исплатливи за Типстерите ова коло беа и победите на ПСВ, Тотенхем и Челси.

Пандев продолжува да тресе мрежи во Турција

По хет-трикот на минатиот натпревар, Горан Пандев продолжува голгетерски и на денешниот куп меч против Дијарбакир. Во 31 минута тој го отвори резултатот откако ја избегна офсајд стапицата и го легна голманот. 

Газдите во Премиер лига сезонава имаат најмногу трпение

За разлика од минатата сезона клубовите во најсилните европски лиги отпуштаат помалку тренери. На островот не избркаа ниту еден, а во француското првенство само еден тренер остана без работа.

Бундеслигашка уживанција

По 17 одиграни кола, бундеслигашите отидоа на зимска пауза до крајот на јануари. На табелата води Баерн Минхен со 45 бодови, 11 повеќе од вториот Волфсбург, а Александер Мејер од Ајнтрајт Франкфурт е прв стрелец со 13 голови,  Ова е колекцијата на најдобри погодоци од сезонава.

Агим Ибраими е најдобар фудбалер за 2014 година

Фудбалската федерација на Македонија вечерва ќе ги додели признанијата за најдобрите во изминатава година.

Златан бесен што не е најдобар спортист во Шведска

На изборот за најдобар спортист во историјата на скандинавската земја според весникот Дагенс Нихетер (Денешен весник) победи Бјорн Борг, петкратниот шампион на Вимблдон, а зад него е корпулентниот Ибрахимовиќ. За Бјорг, Златан е поголем од ИКЕА.

Фудбалер со двоен живот суспендиран до 129 години

Палестински репрезентативец бил откриен дека истовремено игра за два различни клуба од Израел и Палестина.

Ако се држи до историјата, Челси ќе биде нов шампион

Сините од Лондон претходно на три пати ја освојуваа титулата во Премиер лигата, откако беа први на табелата за време на Божиќните празници. Во 22 сезони досега во Англија, 10 екипи го кренале пехарот на крајот, по лидерството на Божиќ.

Офсајд лик на денот: Сами Хипија

Поранешниот тренер на Баер Леверкузен не успеа во првиот обид да биде тренер во Англија. Финецот летово потпиша 3-годишен договор со второлигашот Брајтон, но даде оставка по само 6 месеци и една победа на последните 18 натпревари во Чемпионшип дивизијата.

Нејмар во свој стил

На Бразилец да не му дадеш да игра на хуманитарен меч со копиљаци. Ќе ги изработи како бавча.

Во Неапол веќе е Нова година

Фудбалерите на Наполи го освоија италијанскиот Супер куп против Јувентус, кој се играше во Доха. Екипата од југот на Италија славеше 6:5 на пенали по двете серии, откако во регуларните 90. минути беше 1:1, а после продолженијата 2:2. Прославата, типично наполитанска.

20-та победа за Атланта, рекордна вечер за Булси

Шампионот во НБА лигата ја прекина серијата од четири порази. Мемфис ја изненади Јута, а Чикаго Булс го совлада лидерот во источната конференција, Торонто и за прв пат во својата историја постигна 49 поени за една четвртина.

Чарли Адам дели лакти, Ширле германски упорен

Со головите на Џон Тери и Фабрегас Челси вчера го победи Стоук 0:2, а домашните фудбалери не можеа да се помират со резултатот, па фрустрациите ги демонстрираа преку груба игра.

МЗТ Скопје ја имаше Звезда во рака, но загуби тесно на крајот

По +20 на полувремето за Белграѓани, МЗТ Скопје одигра неверојатна трета четвртина и го превзема водството за делириум во Јане Сандански. Сепак, до
крајот пресуди искуството на евролигашот, кој ја однесе 13-та, рекордна победа во јадранската лига 76:79.

Офсајд тим на годината: Борусија Дортмунд

Парма, Елче, Лестер и Каен се дел од екипите кои новата година ќе ја дочекаат на дното на табелата во европските лиги. Со истите маки ќе влезе и осминафиналист од Лигата на шампионите кој пред две сезони стигна до финале.

Уште некој за банана?

Во таканаречената НБА развојна лига од каде многу таленти потоа завршуваат во најелитната лига, ќе се задржиме на 23 годишниот Адрејан Пејн од Остин Спарс.

Аеродромци чекаат петка, Црвена Звезда рекорд

Стефан Синовец, кошаркарот кој лани играше за МЗТ од каде замина во Солнок, денес и официјално се врати во клубот од Аеродром. Репрезентативниот центар, Предраг Самарџиски веројатно ќе настапи вечерва против лидерот на табелата, кој брка рекордна 13-та победа по ред во АБА лигата.

МЗТ Скопје – Црвена Звезда во 20:30

Понеделнички ви прерачуваме да гледате по еден меч од регионалната кошаркарска лига, финале од италијанскиот Супер куп и Премиер лига, како и прегледи од најсилните фудбалски лиги и скијање.

Најфудбалските моменти во 2014-та

Спортскиот сајт WeTalkFootball преку 15-минутно видео направи ретроспектива на големите настани што се случија во фудбалскиот свет годинава. Изборот е направен според најтвитаните случувања од јануари до декември 2014. година.

Анчелоти е најдобар тренер во историјата на Реал

Италијанецот годинава го водеше Реал Мадрид до четири титули во сите натпреварувања, што е најдобро остварување на кралевите во 112-годишната историја. На Реал му фалат уште три победи за да го срушат Гинисовиот рекорд на Коритиба од Бразил по бројот на последователни триумфи.

Со клизачи по тренерот

Рајо Ваљекано во саботата загуби 1:3 дома од Еспањол, а бекот на домашните, Квини во еден момент место топката го собра својот тренер Пако Хемез. И тоа со две нозе.