- За речиси 19 години на клупата на Топџиите, Арсен Венгер освои три титули во Премиер лигата, пет ФА купа, како и вицешампион во ЛШ. Кога ќе реши да се пензионира, Французинот не само што ќе биде запаметен по успесите, туку и по долгиот тренерски живот во еден тим.
- Во време кога газдите не им простуваат неуспех на тренерите, Венгер може да се пофали со две децении во работата. По неговото доаѓање во северен Лондон, Премиерлигашите 156 пати менуваа тренери.
- Првиот тренер кој доби отказ во дебитантската сезона на Венгер беше Реј Харфорд во Блекбурн. Харфорд „доби клоца“ само месец дена по доаѓањето на „Професорот“ Венгер. Отказот на Питер Рид во Лидс Јунајтед во ноември 2003. година беше 50 отказ од почетокот на тренерската авантура на Венгер во Англија.
- Стив Брус го напушти Виган и тоа беше 100 отказ во ерата на Французинот. Венгер како тренер на Арсенал разбра и за 150 отказ откако е во Премиер лигата, а тоа се случи кога Тони Пулис мораше да замине од Кристал Палас.
- Венгер минатата сезона преживеа 14 откази, што беше најголем број од основањето на лигата. Сезоната 2002/2003 донесе најмалку откази, само пет од почеток до крај. Од сите 156 тренери претходните 18 години, само 18 своеволно заминале од клубовите, а тројца од нив почнале да работат како селектори. Меѓу нив е и Рој Хоџсон кој го напушти клупскиот за репрезентативен фудбал.
- Тројца тренери ја напуштиле работата од здравствени причини, меѓу нив се Џо Кинер, Рон Аткинсон и Стив Копел.
- Челси и Њукасл смениле дури 12 тренери откако Арсен Венгер дојде на Хајбери. На Стемфорд Бриџ имаше само два откази во периодот меѓу доаѓањето на Венгер и Абрамович. Руд Гулит и Џанлука Вијали беа избркани од тренерската позиција. Русинот смени девет тренери откако го купи Челси пред 12 години.
- Во претходните 18 години, Манчестер Јунајтед смени двајца тренери, Евертон четворица, Ливерпул шест, Астон Вила седум, Тотенхем 10 а Челси 12.
- Хари Реднап сменил пет клубови по доаѓањето на Венгер во Арсенал.