Актуелниот шампион Сан Антонио важи за екипа која победува со помалку постигнати кошеви, но синоќа не беше така затоа што Спарси ја прегазија Оклахома Сити Тандер со 130:91.
За прекин на серијата од четири победи на Оклахома, најзаслужен беше Тони Паркер со 21 поен и шест асистенции. Борис Дијао додаде 19, а Тим Данкан 16 поени по што Сан Антонио има учинок од 44 победи и 26 порази и 11 триумфи на последните 13 средби.
Кај Тандер, Енес Кантер беше најефикасен со 16 поени и 10 скокови, колку што постигна и Расел Вестбрук. Најдобриот играч на Оклахома во последно време излезе во третата четвртина при водство на Спарс од 30 поени разлика и не се врати во игра до крајот.
Убедлив синоќа беше и Кливленд Кавалирс, кој во гости го доби Мемфис 111:89. Кајри Ирвинг беше водечки стрелец со 24 поен, Кевин Лав уфрли 22 со 10 скокови, а Леброн Џејмс 20 со 8 скокови. Марк Гасол постигна 18 поени кај Мемфис.
Благодарение на дабл-дабл учинокот на Пол Милсап кој постигна 25 поени и 11 скокови, Атланта Хокс ја прекина лошата серија од три порази и го победи Орландо на гости 95:93. Џеф Тиг му беше добра поддршка на Милсап со 16 поени и 9 асистенции, а Кајл Корвер запиша 13. За 21 минута, Перо Антиќ постигна пет поени а имаше и четири скокови.
НБА Резултати:
Шарлот – Бруклин 91:88
Њујорк – ЛА Клиперс 80:111
Орландо – Атланта 83:95
Торонто – Чикаго 103:116
Вашингтон – Индијана 101:103
Бостон – Мајами 86:93
Мемфис – Кливленд 89:111
Минесота – ЛА Лејкерс 99:101
Њу Орлеанс – Хјустон 93:95
Денвер – Филаделфија 85:99
Јута – Портланд 89:92
Сан Антонио – Оклахома 130:91
Феникс – Сакраменто 99:108