Без разлика дали играат пријателска или дуел на некое големо натпреварување, Франција и Бразил секогаш нудат фудбалска класика. Вечерва ќе играат по 16-ти пат, а досегашниот биланс е 6:5 за Бразил со 4 нерешени.
Бразил и Франција на Мундијалите се судрија четири пати, а најважен беше оној финалниот 1998-ма во Франција. Кариоките важеа за фаворити, но Роналдо тогаш играше под силни инјекции поради повреда на коленото. Рони истрча на теренот како зомби и не беше ниту бледа сенка од правиот Роналдо.
Тоа го искористи Зизу кој со два гола со глава и еден на Пети од контра ѝ донесе на Франција титула светски шампион.
Ефектот Роберто Карлос
Вториот гол на Зидан во финалето беше после ударот со глава, кога топката му пројде на Роберто Карлос меѓу нозете. Токму Карлос беше автор на еден од најубавите голови во историјата на фудбалот, година дена пред Мундијалот. Тогаш Бразил и Франција играа Куп на Конфедерации, како припрема за Светското првенство. Карлос ги сруши законите на физиката со голот од слободен удар со надворешен фелш.
Анри на втора статива
Натпревар од голем значење Франција и Бразил играа и во полуфиналето на СП 2006. година. На асистенција на Зинедин Зидан, Тиери Анри ја сочека топката на втора статива и го постави конечниот резултат 1-0. Франција влезе во финалето во Берлин каде загуби од Италија на пенали (главата на Зидан со Матераци). Аѕурите претходно ја елиминираа Германија.
Голот на Анри е на 2:08:
Контроверзниот пенал
Французите често имаа повеќе среќа од Бразилците на пенали. Во 1986. година, Сините против Кариоките шутираа пенали после конечните 1-1 во регуларниот дел и продолженијата. Нозете им се тресеа и пенал промашија Сократес и Платини. Рои го реши рулетот во корист на Франција по промашувањето на Жулио Цезар и Триколорите влегоа во полуфинале.
Сомнителен беше пеналот на Белон (статива-голман-гол), кои предизвика протести од Бразилците:
Од Пеле до денес
Франција и Бразил играа полуфинале и на Мундијалот во 1958 година, кога Бразилците славеа 5-2 со головите на Вава, Диди и хет-трикот на Пеле. Полуфинале се играше и на Купот на Конфедерации во 2001 година (2-1 победија Французите). Последните две среќавања им беа пријателски: Франција победи 1:0 со голот на Бензема во февруари 2011-та, а Бразил славеше 3:0 (Оскар, Ернандес и Лукас) во јуни 2013-та година.
Голот на Карим Бензема на пријателската во Париз:
Бразилците вратија две години подоцна, исто на пријателска:
Девет француски фудбалери што му дале гол против Бразил во последните 30 години: