Франс фудбал направи истражување за тоа колку пари легнале на сметките на најплатените фудбалери и тренери минатата година. Барселона не освои ниту еден трофеј во 2014 година, но тоа не му ја поремети сметката на Меси каде легнале 65 милиони евра.
Во оваа сума од неговата плата се 20 милиони евра кои ги заработува според ланскиот договор кој го потпиша со Барса, а останатите се од спонзорски договори кои ги има потпишано со брендови како Адидас, ФИФА 15 и Туркиш Ерлајнс.
Втор на оваа табела е Кристијано Роналдо кој треба да се задоволи со 54 милиони евра или во просек нешто помалку од милион евра неделно. Трет најбогат фудбалер за 2014-та е Нејмар кој заработил 36 милиони евра.
Потоа следуваат Герет Бејл (23,8 милиони), Робин ван Перси (23,5), Вејн Руни (22,4) и Серхио Агуеро (21).
Од тренерите најплодна година имал Жозе Мурињо со вкупно заработени 18 милиони евра, а по него следат Арсен Венгер со 11,2 и Луи ван Гал со 9,9 милиони евра.
Во овој контекст ќе се навратиме на вчерашната приказна за клубот кој има исти бои со Барса и кој лани едвај собра пари за да извади лиценца за настап во првата шпанска лига.
Детали од платата