Њујорк Тајмс минатиот јули напиша дека Тони Крос и Меси играа финале на Светско првенство во Бразил пред 75.000 навивачи, а истите ѕвезди на Реал и Барса во новата сезона во Примера ќе настапат на стадиончето на Еибар кој има 5.250 седишта.
Еибар минатата година историскиот пласман го прослави со конфетите на Барселона кој ги купи по пониска цена. Со нив имаат иста боја, но нивниот буџет за разлика од Каталонците на кои им е 600 милиони евра, изнесува 16 милиони евра.
Кога минатата година го обезбедија првото учество во прва лига немаа доволно пари за да добијат лиценца, а им беа потребни 1,75 милиони евра. Градчето Еибар има 27.000 жители, а 10.000 од нив станаа акционери во клубот кој иако е премал во него има душа и сите се како другари од претседателот до чистачот.
Ќе запознаете и еден чичко кој е во клубот од 1969-та и кој работел сè, од тренер на младинците, втор тренер во сениорскиот тим, а сега се грижи за дресови и копачките на играчите.
Во сезоната 2000/2001 како позајмен играч од Реал Сосиедад за нив настапуваше Чави Алонсо.
Еибар во моментов е 14-ти на табела и се наоѓа на три бода до зоната за испаѓање. Ќе стискаме палци оваа фудбалска приказна да продолжи во прва лига.