Се работи за Симоне Sasa кој според најавите заедно со Чиро Имобиле од Борусија Дортмунд ќе биде дуото кое ќе игра во напад на саботниот квалификациски меч на Италија која гостува во Бугарија. Што вели статистиката за него?
Sasa нема постигнало гол за неговиот тим скоро два месеци или поточно од 1 февруари кога стрелаше против Интер. На 22 натпревари оваа сезона има постигнато 8 голови и има добиено 10 жолти картони. Тоа не е се.
Да ѕирнеме што направил минатата сезона во Серија А. Се појавил на 33 меча на кои постигнал 9 голови и добил 10 жолти картони. Ако ги собереме двете сезони излегува дека Антонио Конте му дава шанса на напаѓач и тоа во прв состав, кој во последниве две сезони на 55 меча постигнал 17 голови и добил 20 опомени пред исклучување.
23 годишниот напаѓач на Сасуоло има четири настапи за репрезентација, сите откако Конте е селектор на Италија. Дебитираше лани на 31 август на пријателска против Холандија, а првиот и единствен погодок го постигна на квалификацискиот меч против Норвешка.
Останатите повикани напаѓачи за италијанската репрезентација се Едер (Сампдорија), Габијадини (Наполи), Пеле (Саутемптон) и Васкез (Палермо).
Инаку во Сасуоло очигледно фудбалерите кои играат во напад имаат проблем со дисциплината, бидејќи и партнерот на Заза, Доменико Берарди има 8 голови, а 9 жолти картони.