Симпатичната фотографија доаѓа од едно сиромашно училиште во источна Гвинеја, каде наставникот испрашува ученик на табла, а другите мирно го следат. Од тие што седат едно дете го носи дресот на Мертенс од Наполи. И тоа не било кој, туку камуфлажната верзија, со војнички бои.
Фотографијата е дело на Пит Милер, фотограф на Нејшнал Џеографик (National Geographic), кој работи на еден проект за заштита од Еболата и воените конфликти на Црниот Континент.
„Помогнете ми да го најдам детево“, напиша Дрис Мертенс на својот Твитер профил, каде ја постираше и фотографијата.
Белгиецот му се обраќа и на фотографот Милер „Можете ли да ми помогнете да стапам во контакт со детето што го носи мојот дрес? Сакам да му подарам еден што го носам сезонава. Фотографијата е прекрасна и сигурно е дел од она што ќе биде голем проект“, апелираше Мертенс да му го најдат малото дете од Гвинеја.