Вчерашниот датум, 25 март е историски ден за спортот на бившите ју простори. Репрезентацијата на Социјалистичка Федеративна Република Југославија тогаш го одигра последниот меѓународен фудбалски натпревар и потоа згасна.
Хрватските фудбалери ја одбија поканата за настап на селекторот Ивица Осим поради страв од граѓанска војна, а по речиси три месеци УЕФА ја отстрани Југославија од Европското првенство во Шведска и наместо неа учествуваа Данците кои потоа го освоија Еврошампионатот.
Носталгичарите сигурно го знаат на памет составот од тоа време, кога во Амстердам настапија: Фахрудин Омеровиќ, Фарук Хаџибегиќ, Вујадин Станојковиќ, Бранко Брновиќ, Мехмед Баждаревиќ, Драган Стојковиќ – Пикси, Владимир Југовиќ, Дејан Савичевиќ, Илија Најдовски, Мехо Кодро и Будимир Вујачиќ. Како замени влегоа Предграг Мијатовиќ, Дарко Миланиќ и Џони Новак.
Во тоа време големи имиња имаше и во таборот на селекцијата на Холандија каде од познатите играа Роналд Куман и Франк Рајкард. Југославија замина во историјата со пораз од 2:0, а головите ги постигнаа Вим Кифт и Јан Вутерс.
„Тешки беа тие времиња, во секој момент се бараше можност за провокација. Некои велат каков народ, такви водачи. Имаше невидени манипулации, а тие кои манипулираа, никогаш не настрадаат, туку настрадаа други луѓе. Многу од тоа се основаше на верите, а тој набој е најлесно да се искористи“, изјави селекторот Осим.