Таг: дејан савичевиќ

Савичевиќ ја коментира легендарната фотка со Панчев, Пикси и Роби

 „Има еден добар цитат кој вели: Србин, Хрват, Македонец и Црногорец беа најдобри во светот, а не е виц. Така што, тоа е вистински виц. Сега оваа слика би вредела милијарда евра“.

За прочуеното „Пургеру“ на Дејо Савичевиќ и како реагирал кога новинарот му пратил касета

„Новинарот кој ми го правеше интервјуто ми вети дека ќе го исече тој дел. Ми се јави после седум дена и можете да замислите што сè му реков на него“. Миха? Најхуман човек од наша генерација. Парите ги гледаше само како хартија. Срце ме боли за него.

Кога Дејо и Бобан го суредија ПСЖ на гости

Вечерашната пресметка меѓу ПСЖ и Милан е поводот за едно ретро, кога овие две екипи се сретнаа во полуфиналето од ЛШ во 1995-та. Росонерите поминаа со вкупни 3:0, а мечот во Париз го реши Ѕвонимир Бобан на асистенција на Дејан Савичевиќ.

Панчев и Савичевиќ се едногласни за миланското дерби во ЛШ

Едниот освои Лига на шампиони со Милан, другиот настапуваше за Интер, но и двајцата му даваат предност на истиот тим, исто како и на главниот фаворит за трофејот.

Дејо Геније да ви каже нешто за докторот на Ѕвезда и убавата Снеки

Таков е денот денеска. Документарец со Дарко Панчев очекувано носи легендарни приказни од носталгичните ју времиња со Вардар и Црвена Ѕвезда, анегдоти на Васил Рингов и сл. Да чуеме уште нешто на таа тема.

Савичевиќ: Миха го исплакав сам во соба во Катар, срце ме боли затоа што беше добар и хуман човек

„Пред финалето во Бари премногу не оптеретија и тоа многу ни тежеше. Имавме чувство дека ако не го освоиме пехарот, кога ќе се вратиме во Белград ќе не носат на стрелиште да не убијат. Таков беше притисокот од новинарите и јавноста. Ние тоа финале го одигравме во грч“.

Дејо им го одзема паметот на двајца па му асистираше на Баџо

Човекот кој го доби прекарот „Гениј“ остави богат багаж за себе, а за тоа што го правеше со топка прашајте ги татковците во случај ако сте родени во 90-те.  Милан vs Парма, Савичевиќ против Коуто и уште еден. Уметност.

Дејан Савичевиќ со еден негов фан

Дејо играше за Милан од 1992-ва до 1998-ма, период во кој едно дете кое собира топки, а сега познат италијански напаѓач му приоѓа да се слика со него. Се вика Антонио Касано.

Звезда се потсеќа кога Панчев и Дејо го срушија Баерн среде Минхен

Вечерашниот натпревар меѓу Баерн Минхен и Црвена Звезда во ЛШ го навраќа српскиот клуб на еден славен епски меч од аналите. Тоа е двобојот против Баерн по кој отпатуваа на финалето во Бари 1991-ва.

Маракана им се поклони на легендите од Бари

На околу 45 минути пред мечот меѓу Црвена Ѕвезда и Наполи, белградската публика ги поздрави јунаците кои се искачија на европскиот трон и го донесоа најголемиот клупски фудбалски успех во историјата на Југославија.

23 години од лекцијата на Милан против Барса

На денешен ден во 1994. година, на Олимпискиот стадион во Атина Милан со 4:0 ја декласираше Барселона во финалето на Лигата на шампионите. Четата предводена од Капело: Роси, Тасоти, Панучи, Албертини, Гали, Малдини, Донадони, Десаи, Бобан, Савичевиќ и Масаро, одиграа незаборавен меч.

Ударот на Дејо Савичевиќ кој беше брз и на забавена снимка

За легендата со прекар „Гениј“ доволно е да почнеме да вадиме од архива само на тема Милан, но да се потсетиме на еден негов слободен удар од градското белградско дерби кој му лежи на душа на секој Звездаш.

Кога Берлускони се карал со Капело за Савичевиќ

Освен по прекарот Геније и неверојатниот дриблинг, Дејан Савичевиќ бил познат и по незгодниот карактер и важел за инает со кој Капело не можел да излезе на крај. Дејо се смета за најомилениот играч на Силвио Берлускони.

Симболот на Милан каде сега нема вакви играчишта

Лобот против Барселона во финалето од ЛШ никогаш нема да се избрише од главата на навивачите на Милан, исто како што нема да го заборават навивачите на Црвена Ѕвезда кога се качи на кровот на Европа. Не за џабе го викаат гениј, кој инаку денеска слави јубилеј, 50 години.

Тврдоглавиот и палавиот Дејан Савичевиќ преку сведоштвото на Бобан

Играа заедно за Југославија, служеа заедно војска, а од 1992-ра до 1998-ма се радуваа во Милан на три Скудета, Лига на шампионите, Супер куп на Европа...Савичевиќ не ги сакал тренерите и на тренинг го пцуел Капело, а Бобан морал да лаже во преводот.

Денот кога омилениот играч на Берлускони ја матираше Барса

Со неколку измени во екипата, дон Фабио Капело го размонтира тогашниот Дрим тим на Барселона во Атина и на Милан му ја донесе европската круна. Ништо немаше да биде исто без Дејан Савичевиќ.

Последниот меч на Југославија

Фудбалската репрезентација на СФРЈ пред 23 години се сретна со Холандија во Амстердам, а тоа беше всушност последниот меч на големата фудбалска сила со многу легенди која можеше далеку да стигне на следното Европско првенство во Шведска.