Милан и Интер вечерва од 21 часот одат на мегдат во втората полуфинална пресметка од Лига на шампиони после ремито меѓу Реал и Сити.
И двајцата европски прваци Панчев и Савичевиќ кои потоа направија трансфери во Милано, за српски Информер велат дека Интер е поблиску до триумф.
Предност им даваат на нероаѕурите најмногу поради фактот што најверојатно на дербито ќе го нема Рафаел Леао, кој се повреди против Лацио изминатиот викенд и по само 11 минути излезе од игра.
„Милан е домаќин, но бидејќи играат на ист стадион домашниот терен нема игра голема улога. Голема работа е тоа што и двата италијански клуба стигнаа до полуфинале. На почетокот на сезоната веројатно никој не се надеваше на тоа. Интер е во добра фирма, има одлични поединци, додека Милан моментално е во мал пад, а згора на се им се повреди Леао. Ако не игра, блага предност му давам на Интер“, вели Панчев.
Златната копачка потенцира дека вечерва нема да се реши прашањето околу финалистот, но кој и да помине има минимални шанси за освојувањето на трофејот.
„Чудно е на дерби пресметките, еден момент може да ја реши играта, дури ни формата на играчот не мора да има пресудна улога. Верувам дека Милан и Интер ќе се борат до крајот на реваншот. Верувам дека Интер ќе помине, но тоа нема да биде убедливо. Пред два месеци реков дека оваа сезоната ЛШ ќе освои Манчестер Сити. И понатаму така ми личи, затоа што парите во фудбалот играат важна улога. Тешко ќе може да му се спротивстави било кој од италијанските великани“, смета Панчев
Дејан Савичевиќ кој остави голем белег на Сан Сиро и за шест сезони освои седум трофеи со Милан, мечот ќе го гледа дома.
„Не можев да одам бидејќи имам обврски. Луѓето не сфаќаат колку време е потребно за еден натпревар. За да стигнам на време, треба од хотел да излезам во 19:30, па додека се расчисти топлата после, нема да стигнам назад ни пред полноќ. А и не сум често во Милано, па сите ме канат на кафе, ручек, а јас немам време. Ќе гледам од дома и со сето срце ќе бидам со мојот Милан, иако ми се чини дека Интер е моментално подобар, посебно што изгледа ќе фали Леао“, вели Дејо.
И тој како Дарко, смета дека Манчестер Сити ќе биде европски првак.
„Би рекол дека победникот ќе биде од двојката Реал - Сити
, а некако ми изгледа дека граѓаните се поблиску. Ова е нивна година“, нагласува Црногорецот.
Двајцата асови на Црвена Ѕвезда пред две недели се видоа во Скопје.