„Mojih TOP 11“ е српска емисија во која обично гостуваат легендарни фудбалери од екс ју просторите. Лани гостин беше Дарко Панчев, а сега неговиот соиграч од Црвена Ѕвезда и Југославија, Дејан Савичевиќ.
Како што налага насловот, добиваат задача да изберат топ 11 играчи со кои играле во кариерата. Дејо беше на тешки маки и мораше многумината да рипне како Панчев, Баџо, Ван Бастен...
Неговиот избор е следен:
Голман: Роси
Одбрана: Малдини, Михајловиќ, Барези, Панучи
Средина: Пикси, Југовиќ, Бобан (Просинечки), Сушиќ
Напад: Мијатовиќ, Веа
Тренер: Шекуларац
Кој се борел за потписот на Дејо?
Имав понуди од Рома, Јувентус и Монако. Ањели прати човек во Белград кој дојде да ме гледа на полуфиналето против Баерн, а дојде и кај мене, го донесе менаџер од Ријека и бевме на ручек. И тогашниот тренер на Јуве ме сакаше, но Милан беше побрз и поконкретен.
Почетоците во Милан кога имало правило со шест странци од кои три на терен.
Почетокот во Милан ми беше тежок. Во прво коло игравме против Пескара (5:4), имав две асистенции и се сеќавам дека Ван Бастен даде два гола. Следниот меч ме заменија на полувреме и првата сезона одиграв само 10 меча. Не бев задоволен од третманот и се борев за место. После година и пол се изборив и станав првотимец.
Шестмината странци кои ја правеле огромната конкуренција: Савичевиќ, Бобан, Папен, Рајкард, Гулит и Ван Бастен.
Тоа беше малку мегаломански. Можеби беше грешка што Ѓаиќ не го зема Пеџа. И Берлускони така размислуваше, подобро да се кај него, бидејќи во тоа време сите одеа во Италија каде најмногу плаќаа. Лигата тогаш беше најјака. Покрај Милан, Интер и Јуве клубови со најголема традиција во Италија, тогаш и Парма беше јака и играше финалиња. Зошто италијанската лига беше најсилна? Затоа што најмногу пари даваа.
На почеток Бобан му помогал за превод, ама не му ги преведувал пцовките до Капело.
Бобан потпиша за Милан во ноември 1991-ва и додека да научам италијански ми помагаше на тренинзите со Капело. Имаше на почеток некои недоразбирања меѓу мене и Капело, а некои работи не сакаше да ги преведува, бидејќи не беа за превод. Еднаш дадов едно интервју за италијански весник и за време на тренинг додека сите играа шева, Капело ме повика на центар на игралиште за да разговараме. Бобан преведуваше, а Капело рече дека нема што да даваш интервју. Јас не сакав повеќе да разговарам со него и отидов кај другите на шева. Капело се чудеше што сум одбил повеќе да разговарам, а јас еден куп пцовки му упатив. Бобан не му преведе, ама веројатно нешто ме разбра. Ќе беше премногу да ме преваспитува на 26 години. Од оваа гледна точка и него тогаш му беше тешко, бевме премногу ѕвезди на едно место. Јас најмногу негодував поради тоа што на почеток седев на клупа, а дојдов како оформен играч со 26 години.
Подраг од голот и трофејот против Барселона во финалето на ЛШ му бил разговорот со Берлускони на ден пред натпревар.
Дојде на тренинг да не охрабри, а на денот на мечот мораше да биде во парламент поради тоа што се гласаше доверба на владата. Тоа беше единственото финале кое не го гледаше во живо додека беше претседател на Милан. Во еден момент ме гушна и ми рече. Геније, ако си гениј покажи го тоа утре во финале. И бидејќи тука имаше новинари, веднаш тоа го стааваа како наслови. Потоа се случи да одиграм и да дадам гол кој ќе остане во аналите.
Кој му го дал прекарот Гениј?
Прекарот ми го даде новинарот Џермано Боленти. Додека сите ме оспоруваа, тој ме сакаше. Беше чуден тип и специфичен новинар кој правеше специфични интервју. Отиде во пензија, ама пред две години повторно се врати да пишува за еден неделник.
За големиот притисок пред Бари 1991
Пред финалето во КЕШ со Ѕвезда премногу не оптеретија и тоа многу ни тежеше. Имавме чувство дека ако не го освоиме пехарот, кога ќе се вратиме во Белград ќе не носат на стрелиште да не убијат. Таков беше притисокот од новинарите и јавноста. Ние тоа финале го одигравме во грч. Јас кога го одиграв другото финале против Барселона си реков дека ова е како и секој друг натпревар. Нема зошто да паѓам под притисок и само одиграв добро.
Несогласувањата со Ивица Осим кој изјавил дека има притисок од Аркан, за Дејан Савичевиќ да игра за репрезентација.
За жал му простив на Осим, ама се зезнав. Ме малтретираше во репрезентација подолг период. Потоа државата се распадна, а јас му докажав во Атина кога беше тренер на Панатинаикос. После мечот бевме неколку луѓе на вечера и јас му подарив дрес. Тогаш воспоставивме да речам некој релативно коректен однос, но потоа после 25 години даде една изјава дека трпел притисок од Аркан, за да играм јас на репрезентација. Ми се смачи и еднаш на една прослава во Сараево, не сакав ни да го поздравам.
Шансата против Аргентина вредна полуфинале на СП 1990.
Ми отскокна топката. Од таква ситуација да ја префрлиш преку гол, мора да ти отскокне топката. Постои една снимка од зад гол која му ја пратив на Пикси на Вотсап, каде точно се гледа каде ми отскокнува топката, бидејќи не е можно јас така да шутнам од пет метри и да промашам полуфинале.
За Михајловиќ
Не можев да верувам, јас мислев дека веќе е излечен. Ми се јавија од Рим и ми кажаа дека нема да има добри вести. Се чека само моментот. Кога ќе каже некој дека за јунаци не се плаче, не би се согласил. Нема што да зборуваме за неговите фудбалски квалитети, Миха беше пред сè добар и хуман човек и поради тоа најмногу ме боли срце. Јас добро знам колку им помагаше на луѓето. И он да заврши на ваков начин? Зошто он? А велат дека има Бог. Јас во Катар влегов во соба сам и плачев. Не поради играчките, туку поради човечките квалитети.