Савичевиќ: Осим ми велеше не можеш да трчаш, а јас дојден од плажа трчав повеќе од Сушиќ
Дејан Савичевиќ никогаш не ја оправи калимерата со Ивица Осим во таборот на Југославија. Во многу интервјуа има кажано дека не добивал доволно минутажа, посебно на СП 1990 каде Сушиќ бил првотимец на 35 години, а тој 10 години помлад седел на клупа. Потоа си подале рака на една средба, но Дејо се кае за тоа, бидејќи Осим подоцна изјавил дека трпел притисоци од Аркан за да го става повеќе на игра. На следното видување Савичевиќ му рекол: Да не те гледам.