
Сезоната 1990/1991 е сезона на Црвена Звезда која со својот дрим тим си го трасираше патот до европската круна, а истовремено беше страв и трепет и во Југославија каде исто така не можеше никој да ја сопре.
Најголемиот отпор очекувано им го пружи нивниот најголем ривал Партизан. Се играше 87-то дерби на стадионот на црно-црните пред 50.000 гледачи, а во 19 минута домаќините имаа водство од 1:0.
Повод за овој текст е начинот на кој Црвена Звезда го израмни резултатот. Во 57 минута слободен удар за гостите. Не се местеше ниту Михајловиќ, ниту Просинечки, туку „Генијот“, кој упати удар како од топ и ја заби топката зад грбот на Фахрудин Омеровиќ.
Во тоа време при нерешен резултат се изведуваа пенали на кои Звезда беше подобра со 5:3. Старите Звездаши велат дека легендарниот Омеровиќ уште ја бара топката, бидејќи тогаш не ја видел.