Звезда се потсеќа кога Панчев и Дејо го срушија Баерн среде Минхен
Вечерашниот натпревар меѓу Баерн Минхен и Црвена Звезда во ЛШ го навраќа српскиот клуб на еден славен епски меч од аналите. Тоа е двобојот против Баерн по кој отпатуваа на финалето во Бари 1991-ва.
Во Белград се играше реваншот кој заврши 2:2, но претходно во Минхен, Дарко Панчев и Дејан Савичевиќ го покорија баварскиот гигант со 1:2. Ова се незаборавни моменти за цела Југославија.