Offside

Приказна од едно гостување на ултраси кои не сакаат камери, телефони, дресови, лајкови и фејвови...

Борусија – Баерн во 18:00 и ЖРК Вардар – Ѓер во 19:00

Дерби во Италија, Германија и Англија, женско тениско финале во Мајами, ракометно четвртфинале со Вардарки е дел од денешната богата спортска понуда на тв.

Реџи Џексон шутна “бугарски“, Ентони Дејвис му се намерачи на кошот

Црногорецот Никола Вучевиќ оствари нов личен рекорд од 37 поени на дуелот против Минесота, Џон Вол од Вашингтон за прв пат изброја 18 асистенции на еден меч, а со забивање се пофали Биомбо од Конго.

Ѓоковиќ, лесно и елегантно

Најдобриот светски тенисер го збриша Американецот Џон Иснер и обезбеди ново финале на турнирот во Мајами против Енди Мареј. на кој ќе брка 22 Мастерс титула. Ова е ризикот кога ќе му играш на мрежа.

Кина и Тајланд во битка за Милан

Откако сајтот Аска Њуз објави вест дека Силвио Берлускони решил да продаде 75% од акциите во Милан, медиумите ги почнаа да ги анализираат потенцијалните купувачи на заспаниот гигант.

Седумте навивачи на Шалке кои заедно имаат 604 години

Дружењето со македонските фан клубовите кои ги сместивме во новата рубрика на офсајд ни стана пракса која ќе ја продолжиме со сите кои имаат желба да ни раскажат за нивната навивачка страст. Камо да можевме да гледаме фудбал и со овие цареви од Германија.

Европскиот врв на Дражен Петровиќ

На денешен ден, пред точно 30 години Цибона во Пиреа го совлада големиот Реал Мадрид 87:78 и за прв пат во историјата стана европски првак. Дражен Петровиќ беше најдобар играч на мечот.

Дарко Ковачевиќ во маалско издание

Поранешниот српски репрезентативец кој настапуваше за Јувентус и Лацио, најмногу се прослави во Реал Сосиедад за кој даде 92 голови. Тоа што играше во една од најсилните лиги во светот и што го полнеше со голови и Реал Мадрид не го дигна во облаци. Во 1997 година додека беше дел Примера дивизион, најде време да заигра на турнир во Зренањин, каде ја почна кариерата во 1992 година. 

Решавачките 23 дена на ПСЖ

Дерби со Марсеј, едно финале, едно полуфинале, два пати против Барса и уште неколку тешки меча. Ако сè ова го преживеат Светците, сезоната можат да ја завршат со 5 трофеи.

Трката за МВП во НБА никогаш понеизвесна

Нема ден нивните имиња да не ги окупираат насловите на спортските медиуми. По апсолутната доминација на Леброн Џејмс во изминатите години, сезонава дури четворица играчи имаат подеднакви шанси да ја добијат наградата за најдобар играч во регуларниот дел.

Шишај ме како фудбалска топка

Бразилскиот фудбалер Ратињо кој има 35 години е непознато име за нас бидејќи настапува за екипата на Ремо. Но со последното одење на бербер неговото име денеска се рашири по медиумите кои напишаа: Дали е ова најлошата фризура во фудбалот?

Битката за 183 милиони евра

Дека Јувентус и Баерн Минхен за два месеци ќе ја зголемат бројката на шампионски титули веќе е јасно, исто како што предноста од +6 пред Сити, Мурињо сигурно ќе најде начин да ја задржи. Луд финиш во првенството годинава ќе има во втората англиска лига.

90 милиони евра само за десни бекови

По доаѓањето во Реал Мадрид, претседателот Флорентино Перез од 2000-та до денес потрошил дури 90,8 милиони евра за фудбалери кои играат на позиција десен бек.

10 промашени пенали што не се забораваат

Од оној на Роберто Баџо во САД 1994, до кобниот шут на Џон Тери во финалето на ЛШ 2008 во Москва, приказната за промашените пенали кои тешко ќе бидат заборавени..

Женски фудбалски трик од слободен

Во дербито на англискиот женски фудбал меѓу Нотс Каунти и Арсенал, домаќинките поведоа после потегот кој сигурно е воигруван на тренинг. Елен Вајт даде гол за 1-0, па две минути подоцна промаши пенал за повисоко водство. Тоа го казни Арсенал и Киома Убогагу израмни на 1-1.

Бугарски борач на руски тенк во Калифорнија

Бугаринот Александар Русев го шокираше стадионот Врестл Манија во Калифорнија, кога пред борбата за светската титула против Џон Чена влезе со руски тенк. Во позадина одеше руската химна и се виореа руски знамиња.

Кавалерите убедливи, Вејд се повреди

Голден Стејт Вориорс, Хјустон Рокитс и Кливленд Кавалирс славеа победи на единствените три натпревари синоќа во НБА. Се повреди Двејн Вејд, а Голден Стејт победи со звукот на сирената.

Најатрактивните 10 НБА потези во март

Стеф Кари кој игра во животна форма, пред дваесетина дена си поигра со половина тим на Клиперси и потоа распали за тројка. Потегот сосема заслужено е број 1 на месецот.

На Марсеј – ПСЖ ќе се лови дрога

Ликот на Боб Марли и сликите со претседателот на Марсеј со цигара во рака, е само мал дел од слободата на стадионот Велодром каде навивачите редовно гледаат фудбал со џоинт во рака.

Исповед на Карим Абдул-Џабар: Зошто прејдов во Исламот

Во својот биографски текст за сајтот на Ал Џазеира, најдобриот стрелец во НБА на сите времиња пишува што го натерало да ја смени верата. Потекнува од христијанско семејство, кое било мета на напади на Кју Клукс Кланот, а идол му бил Малком Х.

Хокејарска домино прослава

Јуниорите на Локомотив Јарослав победија со 6:2 во плеј оф меч, а имаат подготвено и посебна кореографија со која го прославија триумфот.

Водителки од Марс и Масимо Амброзини

Славната генерација на Милан, предводена од Анчелоти, Шевченко, Малдини и Костакурта во 2007-ма гостуваше во Хонг-Конг. Ај што слушаа водителки со чудни досетки на непознат јазик, Амброзини мораше да им го разубави шоуто и сам на себе да си ја испее хепи брдеј.

Македонија го повтори аматерскиот потег на Африканците

Во период кога предвреме се простивме од уште еден квалификациски циклус за големите натпреварувања и тотално загубивме надеж дека некогаш ќе пркне македонската фудбалска репрезентација, пукна нов срам за македонскиот фудбал кој е хит и на странските медиуми.

Кинескиот Форест Гамп ќе трча 100 дена по ред

„Кога победив за прв пат, во хотел ме пречекаа со националното знаме и тоа ме трогна и ме мотивираше“, вели Чен, прв кој трчал на ултра маратони во седум континенти.